Чемерика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Чемерика|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Чемерика
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Чемерика
Вид: Чемерика
Биномен назив
Чемерика
Veratrum album
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Tracheophytes
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Monocots
Ред: Liliales
Семејство: Melanthiaceae
Род: Veratrum
Вид:
V. album
Биномен назив
Veratrum album

Чемерика или Veratrum album[1] е отровно растение од семејството Melanthiaceae . Потекнува од Европа и делови од западна Азија (западен Сибир, Турција, Кавказ).[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Чемериката е високо повеќегодишно тревно растение со наизменични, набрани лисја. Цветовите се бели, со зелена боја на горниот дел од стебленцето. Плодот е мала мешунка која содржи крилести семиња. Стеблата се 50-175 цм високи. Растенијата имаат животен век од неколку века и често постигнуваат доминација во дивите области бидејќи се непријатни за тревопасните животни што пасат.[3]

Користи[уреди | уреди извор]

Протовератрин А
Протовератрин Б

Екстрактите од исушените ризоми на чемериката беа кратко време користени и како пестицид против компирoвата златица.[4]

Истражување[уреди | уреди извор]

Во 1890 година, Георг Салцбергер прв го пронашол и го нарекол алкалоидот протовератрин.[5] Подоцнежното истражување покажало дека протовератринот е мешавина од два тесно поврзани алкалоиди, протовератрин А и [6] Б. Меѓу 1940тите и 1950тите, чемериката била проучувана во примарната хипертензија, хипертензија за време на бубрежна слабост и прееклампсија.[7] [8]

Хортикултурност[уреди | уреди извор]

Чемериката се одгледува како украсно растение. Во Велика Британија ја добила наградата за заслуги на градината на Кралското хортикултурно друштво.[9] [10]

Отровност[уреди | уреди извор]

Во пијалоци, чемериката е помешана со безопасната жолта линцура (Gentiana lutea) или див лук (Allium ursinum), што резултира со труење.[11] [12] [13] Сите делови на растението се отровни, вклучувајќи ја и неговата арома.[14]

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите на труење со чемерика обично се јавуваат во рок од триесет минути до четири часа по конзумирање.[15] [16]

Третман[уреди | уреди извор]

Третманот за труење со чемериката вклучува поддржувачка нега и третмани на симптомите, како што се прочистување со течности и антиеметици . Атропинот и вазопресорите делуваат во борбата против брадикардијата и хипотензијата. Болеста може да трае до десет дена, но целосно закрепнување е можно во рок од неколку часа во зависност од дозата на лековите и третманот.[15]

Труења[уреди | уреди извор]

Различни „Veratrum алкалоиди“ од чемерика биле пронајдени во германски прашок за кивање во 1982 година, а како последица следело труење на луѓето кои го конзумирале или вдишале. [17] Прашокот за кивање најчесто се користел за меѓусебно шегување. Во 1983 година, имало девет случаи на случајно труење како резултат на овие шеги поради присуството на алкалоиди од чемерика во прашокот за кивање.[18] Жртвите биле девет момчиња на возраст меѓу 11 и 18 години во скандинавските земји кои користеле залихи увезени од Сојузна Република Германија . Сите момчиња го вдишале прашокот, а шест го конзумирале. Симптомите обично се појавуваат во рок од еден час, по што биле упатени повици до властите. По кивањето, сите жртви почнале да развиваат гастроинтестинални проблеми како повраќање и две жртви пројавиле епигастрична болка. Три од децата колабирале поради низок крвен притисок пред да бидат примени во болница. Седум од децата имале значително намален крвен притисок, а пет имале случаи на синусна брадикардија, без други симптоми. Половина од оние кои го проголтале прашокот биле третирани со гастрична лаважа . На четири жртви им бил даден атропин за борба против брадикардија, а на еден од нив активен јаглен . Атропинот ги нормализирал отчукувања на срцето во рок од неколку минути, но помогнал малку при нискиот крвен притисок. Сите пациенти закрепнале во рок од дваесет и четири часа.[17]

Во 2005 и 2008 година имало три пријавени случаи на случајно труење.[12] [11] Единаесет деца на возраст од 8 до 12 години, во 2009 година случајно проголтале чемерика во младински камп каде подготвувале домашен чај од свежи билки. Две деца останале асимптоматски, девет развиле благи гастроинтестинални симптоми, шест покажале невролошки симптоми и три покажале брадикардија; по медицинска нега, сите деца закрепнале.[19] Четири случаи на случајно труење биле пријавени во 2010 година, откако чемериката била помешана со див лук и се користела во салати и супи.[13] Сите жртви развиле гадење, повраќање, абдоминална болка, синусна брадикардија и хипотензија. Целосното закрепнување траело помеѓу дваесет и четири часа и четириесет и осум часа.

Александар Македонски[уреди | уреди извор]

Во дебата меѓу историчари се дискутира за причината на смртта на Александар Македонски. Некои веруваат дека Македонскиот крал починал од природни причини а некои веруваат дека бил отруен. Се предложува дека неговиот потесен круг на познаници планирал да му изврши атентат на неговото враќање во Вавилон. Теорија предложена од Шеп во 2013 гласи дека чемериката била употребена за да се убие Александар Македонски. Шеп аргументирал дека вообичаените причинители за труење, како арсен и стрихнин би влијаеле многу брзо за да се совпаѓаат со историските настани. Александар бил болен 12 дена и имал симптоми слични на симптомите од труење со чемерика. Теоријата е особено поддржана од идеата дека Александар пиел вино отруено со чемерика. Извори од Диодорус гласат дека кралот бил во болка после пиење голема чинија од немешано вино во чест на Херкулес.

Ин витро механизам[уреди | уреди извор]

Натриум јонски канал

Чемериката содржи повеќе од педесет стероидни алкалоиди наречени „Veratrum алкалоиди“, вклучувајќи О-ацетилјервин, цевадин, криптенамин, циклопамин (11-деоксојервин), циклопозин, гермитрин, гермидин, џервин, мулдамин, протовератрин(А и Б), вератрамин, вератридин, и верилоид.[20] [21] [22] Некои од главните токсини имаат модифициран стероиден шаблон, додека други се разликуваат во нивните делови од естерифицирана киселина.[15] Општо земено, Veratrum алкалоидите делуваат така што ја зголемуваат пропустливоста на натриумовите канали на нервните клетки, предизвикувајќи нивно постојано палење. Зголемената стимулација, поврзана со нервот луталник, резултира со Безолд-Јариш рефлекс: хипотензија, брадикардија и апнеја . [15]

Невротоксичноста на Veratrum алкалоидите произлегува од нивниот ефект врз натриумовите јонски канали на нервните клетки. [23] Алкалоидите ги деполаризираат нервите со подобрување на размената на Na + и K + низ мембраната.[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pfaf Plant Search“. www.pfaf.org. Посетено на 5 мај 2018.
  2. „World Checklist of Selected Plant Families: Royal Botanic Gardens, Kew“. apps.kew.org (англиски). Посетено на 5 мај 2018.
  3. Kleijn, David; Steinger, Thomas (април 2002). „Contrasting effects of grazing and hay cutting on the spatial and genetic population structure of Veratrum album, an unpalatable, long-lived, clonal plant species“. Journal of Ecology (англиски). 90 (2): 360–370. doi:10.1046/j.1365-2745.2001.00676.x. ISSN 0022-0477.
  4. Aydin, Tuba; Cakir, Ahmet; Kazaz, Cavit; Bayrak, Neslihan; Bayir, Yasin; Taşkesenligil, Yavuz (2014). „Insecticidal Metabolites from the Rhizomes ofVeratrum albumagainst Adults of Colorado Potato Beetle,Leptinotarsa decemlineata“. Chemistry & Biodiversity (англиски). 11 (8): 1192–1204. doi:10.1002/cbdv.201300407. ISSN 1612-1872. PMID 25146763.
  5. Stoll, A.; Seebeck, E. (1953). „Über Protoveratrin A und Protoveratrin B. 6. Mitteilung über Veratrum-Alkaloide“. Helvetica Chimica Acta (германски). 36 (3): 718–723. doi:10.1002/hlca.19530360326. ISSN 0018-019X.
  6. Glen, WL; Myers, GS; Barber, R; Morozovitch, P; Grant, GA (1952). „Hypotensive Alkaloids of Veratrum album“. Nature (англиски). 170 (4335): 932. Bibcode:1952Natur.170..932G. doi:10.1038/170932a0. ISSN 0028-0836. PMID 13013269.
  7. Barrow, J. G.; Sikes, C. R. (мај 1951). „The use of purified veratrum viride alkaloids in the treatment of essential hypertension“. American Heart Journal. 41 (5): 742–748. doi:10.1016/0002-8703(51)90263-3. ISSN 0002-8703. PMID 14829406.
  8. Meilman, Edward; Krayer, Otto (1 февруари 1950). „Clinical Studies on Veratrum Alkaloids: I. The Action of Protoveratrine and Veratridine in Hypertension“. Circulation (англиски). 1 (2): 204–213. doi:10.1161/01.CIR.1.2.204. ISSN 0009-7322. PMID 15409589.
  9. „RHS Plantfinder - Veratrum album. Посетено на 5 февруари 2019.
  10. „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. јули 2017. стр. 106. Посетено на 5 февруари 2019.
  11. 11,0 11,1 Grobosch, T.; Binscheck, T.; Martens, F.; Lampe, D. (ноември 2008). „Accidental intoxication with Veratrum album“. Journal of Analytical Toxicology. 32 (9): 768–773. doi:10.1093/jat/32.9.768. ISSN 0146-4760. PMID 19021933.
  12. 12,0 12,1 Zagler, Bernhard; Zelger, Anton; Salvatore, Carmen; Pechlaner, Christoph; De Giorgi, Franco; Wiedermann, Christian J. (февруари 2005). „Dietary poisoning with Veratrum album — a report of two cases“. Wiener Klinische Wochenschrift. 117 (3): 106–108. doi:10.1007/s00508-004-0291-x. ISSN 0043-5325. PMID 15773425.
  13. 13,0 13,1 Gilotta, Irene; Brvar, Miran (2010). „Accidental poisoning with Veratrum album mistaken for wild garlic (Allium ursinum)“. Clinical Toxicology. 48 (9): 949–952. doi:10.3109/15563650.2010.533675. ISSN 1556-3650. PMID 21171854.
  14. Handbook of Poisonous and Injurious Plants (англиски). 2007. doi:10.1007/978-0-387-33817-0. ISBN 978-0-387-31268-2.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Schep, Leo J.; Schmierer, David M.; Fountain, John S. (1 јуни 2006). „Veratrum Poisoning“. Toxicological Reviews (англиски). 25 (2): 73–78. doi:10.2165/00139709-200625020-00001. ISSN 1176-2551. PMID 16958554. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:22“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  16. „Veratrum album, white hellebore“. The Poison Garden. Посетено на 5 мај 2018.
  17. 17,0 17,1 Carlier, P.; Efthymiou, M-L.; Garnier, R.; Hoffelt, J.; Fournier, E. (април 1983). „Poisoning with Veratrum-containing Sneezing Powders“. Human & Experimental Toxicology. 2 (2): 321–325. doi:10.1177/096032718300200224. PMID 6862477.
  18. Fogh, Anne; Kulling, Per; Wickstrom, Elsa (1983). „Veratrum Alkaloids in Sneezing-Powder a Potential Danger“. Journal of Toxicology: Clinical Toxicology. 20 (2): 175–179. doi:10.3109/15563658308990062. PMID 6887310.
  19. Rauber-Luthy, Christine (февруари 2010). „Low-dose exposure to Veratrum album in children causes mild effects – a case series“. Clinical Toxicology. 48 (3): 234–7. doi:10.3109/15563650903575243. PMID 20170391.
  20. Chen, K. K.; Henderson, F. G.; Anderson, R. C. (август 1950). „The cardiac action of Helleborus glycosides and their aglycones“. The Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics. 99 (4): 325–400. ISSN 0022-3565. PMID 15437315.
  21. Freis, E. D.; Stanton, J. R.; Moister, F. C. (февруари 1950). „Assay in man of the chemical fractions of Veratrum Viride, and identification of the pure alkaloids germitrine and germidine as potent hypotensive principles derived from the drug“. The Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics. 98 (2): 166–173. ISSN 0022-3565. PMID 15422510.
  22. Marchetti, G. (јануари 1954). „[Effect of two new alkaloids of Veratrum viride on the circulatory apparatus]“. Archivio Italiano di Scienze Farmacologiche. 4 (1): 15–27. PMID 13159580.
  23. Ujvary, Istvan; Eya, Bryan K.; Grendell, Richard L.; Toia, Robert F.; Casida, John E. (октомври 1991). „Insecticidal activity of various 3-acyl and other derivatives of veracevine relative to the veratrum alkaloids veratridine and cevadine“. Journal of Agricultural and Food Chemistry (англиски). 39 (10): 1875–1881. doi:10.1021/jf00010a039. ISSN 0021-8561.
  24. Papahadjopoulos, D. (18 април 1972). „Studies on the mechanism of action of local anesthetics with phospholipid model membranes“. Biochimica et Biophysica Acta (BBA) - Reviews on Biomembranes (англиски). 265 (2): 169–186. doi:10.1016/0304-4157(72)90001-9. ISSN 0304-4157. PMID 4555469.