Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ниш
„Успение на Пресвета Богородица“ - Ниш | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Ниш, Србија |
Координати | 43°19′21″N 21°57′7″E / 43.32250° СГШ; 21.95194° ИГД |
Припадност | христијанство |
Осветен | 1926 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква |
Црква Успение на Пресвета Богородица се наоѓа во Долна Врежина, во градската општина Пантелеј. Посветена е на Успението на Пресвета Богородица кое се слави на 28 август.
Изградена
[уреди | уреди извор]Во 1907 година се откриени темелите на старата црква кога на еден мештанин на Долна Врежина во сон му се укажала локацијата на црквата. Биле пронајдени и икона на Пресвета Богородица, дрвен крст и кандило. Изградбата на црквата на таа локација траеала од 1907 година до 1926 година. Градена е од добротворните прилози на мештаните со благослов на нишкиот владика Димитрија.[1] Осветена е на Мала Богородица во 1926 година од страна на тогашниот нишки владика Доситеј Васиќ. Обнова на црквата започнала во 2003 година.[2]
Чешма
[уреди | уреди извор]Чешмата на црквата Света Богородица се наоѓала од преку патот на црквата и била подигната во 1914 година за време на владеењето на кралот Петар I Караѓорѓевиќ со прилозите од мештаните на Долна Врежина. Ја изградил мајсторот Тодор Ивковиќ од Пасјача.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Трагом српских светиња. „Црква Успенија Пресвете Богородице у Доњој Врежини“. Посетено на 9 октомври 2015.
- ↑ Епархија нишка. „Храм Успења Пресвете Богородице у Доњој Врежини“. Посетено на 9 октомври 2015.[мртва врска]