Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебреше

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Успение на Пресвета Богородица
Crkva-Sv.Bogorodica-Debrese-MK.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба
Населено место Дебреше
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XVII век, возобновена 1998
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Успение на Пресвета Богородица е македонски православен црковен христијански храм кој се наоѓа во селото Дебреше, близу Гостивар. Црквата е сместена на самиот јужен крај на селото во правец на селото Здуње, помеѓу последните селски куќи. Како манастир, црквата се споменува уште во XVII век, кога најверојатно поради Австро-турската војна и Карпошевото востание, била разрушена од османлиите. Денешниот црковен објект е возобновен и изграден во август 1998 година. На пространата ливада во која се наоѓа црквата секоја година се одржуваат големи прослави со црковнонародни собири по повод патрониот празник Успение на Пресвета Богородица (28.08. - Голема Богородица) кога се одржува и наддавање со ракотворби и веселба, како и за Велигден. На неколку наврати, меѓу кои последен пат во пролетта 2013, црквата е мета на вандалски и дивјачки напади од месното населние, при што таа е каменувана, искршен е прозорец со оштетување на оградата, искршена и расфрлена е плочата со натпис, како и цветниот венец од прославата на Велигден.

Галерија[уреди | уреди извор]