Црква „Св. Недела и Св. Петка“ - Абланица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Недела и Света Петка
Македонска православна црква
Епархија Струмичка
Архијерејско намесништво Беровско
Местоположба
Населено место Абланица
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела и Света Петка Трновска
Изградба 2004
Завршено 2008
Осветување 2010
Живопис 2011
Зограф Ванчо Чаушовски
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Недела и Света Петка претставува македонска православна црква во туристичката населба Абланица, Општина Берово од десната страна на брегот на Брегалница.[1]

Поради забрзаното урбанизирање на овој предел и формирањето на населбата Абланица, во 2003 година се дошло до идеја за градење на црква. Кога локацијата била одредена, беровски „Алкалоид”, купил плац од 1 декар, од приватно лице и веќе во 2004 година биле удрени темелите на објектот. Храмот се градел 4 години, но со сите инфраструктурни и хортикултурни уредувања, гбиле потребни уште две години за да се освети објектот.Во изградбата на црквата биле вклучени 300 донатори. Црквата ја зографисал Ванчо Чаушовски[2]. Црквата е осветена на 10 октомври 2010 година од струмичкиот митрополит г. Наум.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. „Фамилија Чаушовски“ (македонски). Малеш. конс. 2012-05-12. 
  3. Осветена црква во Абланица“, Дневник, 18 октомври (посет. 12 мај 2012 г). (на македонски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]