Црква „Св. Недела“ - Скребатно
Света Недела
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Седма охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°9′59.59″N 20°52′39.79″E / 41.1665528° СГШ; 20.8777194° ИГД |
Место | Скребатно |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Недела |
Изградба | 2004 |
Архитектонски опис |
Света Недела — понова селска црква во охридското село Скребатно.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црква се наоѓа на патот до селото Скребатно, на околу еден километар под селото.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година.[3]
Црквата била подигната со средства на Борис и Љупчо Шикалоски, кои живеат во градот Охрид, но потекнува од Скребатно.[4] Црквата е изградена по сон на Божа Шикалоска, сопруга на Борис Шикалоски. На сонот нејзиниот дедо ѝ кажал да го побара запоставеното црквиче „Св. Недела“. Постарите мештани на Скребатно се сеќавале на вакво свето место и кога се започнало со копање каде што се наоѓа црквата бил пронајден еден камен со крст.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната од делкан камен, со впишан крст во вид на тролисна детелина однадвор и кубе. Исто така, поседува и конаци и убаво уреден двор.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Фрескоживописот во црквата бил изработен од академскиот сликар Владислав Коцарев.[4]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата поседува иконостас.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Апсидата
-
Куполата
-
Внатрешноста
-
Главниот влез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.
- ↑ „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-08.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Фрескоживописот во црквата Св. Недела- дело на сликарот Владислав Коцарев“. OhridNews (англиски). 2010-08-24. Посетено на 2019-12-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Недела“ - Скребатно на Ризницата ?