Црква „Св. Мина и Св. Недела“ - Сер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Мина и Света Недела
Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς
Поглед на црквата од запад
41°5′38.4″N 23°33′5.9″E / 41.094000° СГШ; 23.551639° ИГД / 41.094000; 23.551639Координати: 41°5′38.4″N 23°33′5.9″E / 41.094000° СГШ; 23.551639° ИГД / 41.094000; 23.551639
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1837/1939
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Мина и Света Недела (грчки: Ιερό Παρεκκλήσιο Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Храмот е сместен на улиците „Евталија Адам“ и „Акрополис“, во северниот дел на градот. Изграден е врз остатоците од средновековна црква, посветена на Света Недела. Подигнат е во 1837 г. според камената плоча на него. По 50 години е обновен. Изгорел за време на Втората балканска војна во јуни 1913 г. Неговата обнова започнала во 1939 г. благодарение на ктиторката Евгенија Валала, и храмот веќе бил посветен на Свети Мина. Осветен е во 1985 г. оД митрополитот Максим Серски. Во 2007 г. е повторно обновен и живописан од зографот Николаос Голас.[1]

Иконите „Свети Власиј“ (1850) и „Рождество Христово“ (1852) се дело на зографот Јаков Мелнички.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερό Παρεκκλήσιο Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 декември 2017.
  2. Παρχαρίδου-Αναγνώστου, Μάγδα (2013). „Δύο εικόνες του ζωγράφου Ιακώβου Γιακουμή Νικολάου από το Μελένικο στο ναό των Εισοδίων της Θεοτόκου στη Χωριστή Δράμας“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα. Σέρρες (2): 259.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]