Прејди на содржината

Црква „Св. Константин и Елена“ - Мокрино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Константин и Елена

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаСтрумичка
Архијерејско намесништвоСтрумичко
Местоположба

Карта

Координати41°22′38″N 22°51′19″E / 41.37722°N 22.85528°E / 41.37722; 22.85528
МестоМокрино
ОпштинаНово Село
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Константин и Елена
Завршено1874 или 1876
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна

Свети Константин и Елена — главна селска црква во струмичкото село Мокрино, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1874 или 1876 година,[2] при што и двете години се испишани на фасадата на црквата, односно над главниот и споредниот влез на црквата.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е трикорабна. Црквата е во добра состојба.[3]

Во 2015-2016 година била обновена фасадата со премалтерисување, затворање на тремовите и поплочување на подот.[3]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата била живописана во 1874 или 1875 година, најверојатно од зографот Анаос од Мелник.[3]

Sидното сликарство е во катастрофална состојба и потребна е негова итна реставрација. Адезионата врска на живописниот слој со малтерот е загубена, со што живописниот слој се распрашува или е во процес на негово лупење. Загубите се околу 50%, простирајќи се по целата површина на ѕидното сликарство, со што се заканува да се загуби целиот живопис.[3]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува дрвен иконостас.[4]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Мокрино“. Општина Ново Село. 2025-12-24. Посетено на 2026-01-19.
  3. 1 2 3 4 „Св. Константин и Елена“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2026-01-19.
  4. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 213. Посетено на 19 јануари 2026.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]