Црква „Св. Илија“ - Градовци
Свети Илија | |
Црквата „Свети Илија“ во селото Градовци | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Јужноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Градовци |
| Општина | Зелениково |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | 1926 година, обновена 1993 година |
| Ктитор | Блаже Станковски |
| Архитектонски опис | |
Свети Илија — македонски православен храм во селото Градовци во околината на градот Скопје.[1] Сместен е во густа дабова шума на крајот на горното маало на селото, веднаш од десната страна на земјениот пат кој води кон селата Гумалево и Тисовица. Црквата се наоѓа југозападно од селото и во нејзината околина има старински гробишта со камени крстови[2], кои до денес се добро зачувани. Оваа црква во 1923 на местото на остатоците од дотогашното црквиште (имало „ѕидини“) ја изградил еден селанец (Блаже Станковски) кој немал машки деца[2]. На денот на црквата, Илинден, се колела жртва (крава) крај црквата[2]. Околу црквата има свети и чудотворни („табуисани“) дабови[2], кои се оградени со железна ограда и крај кои населението пали свеќи и остава пари и разни дарови. Според натписот на влезот на црквата таа била возобновена во 1993 година, кога го добила и денешниот изглед со покриена трпезарија со маси и фрески и икони дарувани за здравје од семејства со потекло од селото Градовци.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезот на црквата со натписот за годината на изградбата и обнововувањето и мермерниот крст
- Светиот чудотворен даб крај црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952 г. стр.86
| „Црква „Св. Илија“ - Градовци“ на Ризницата ? |
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


