Црква „Св. Димитрија“ - Гуѓаково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Димитрија
Црква Св. Димитрија - Гуѓаково 02.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прилепечко-витолишка
Местоположба
Населено место Гуѓаково
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димтриј
Изградба XIX век (обновена 1998)
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Димитријамакедонски православен црковен храм кој се наоѓа во селото Гуѓаково во областа Мариово. Сместена е на зарамнетиот врв на ридот веднаш јужно над самото село. Градбата на манастирска црква најверојатно потекнува од XIX век, а веднаш крај самиот влез постои плоча на која е запишано дека таа е обновена во 1998 година. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески и икони приложени од селани запишани со своите имиња (и занаети), а на иконостасот кај олтарот е запишано дека тие се нацртани од зографи од селото Гари, Дебарско. Во дворот околу црквата се селските гробишта кои се многу стари. Поради оддалеченоста, непристапноста и неповрзаноста на Гуѓаково со патна врска со било кое друго место во црквата не се одржуваат верски обреди, богослужби и празнувања, но во нејзината внатрешност постои тетратка во која се запишуваат посетители кои доаѓаат речиси секоја година.

Галерија[уреди | уреди извор]