Црква „Св. Влмч Димитриј“ - Охрид
Свети Димитриј
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Трета охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°06′46.1″N 20°47′59.4″E / 41.112806° СГШ; 20.799833° ИГДКоординати: 41°06′46.1″N 20°47′59.4″E / 41.112806° СГШ; 20.799833° ИГД |
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 21 век најновиот објект |
Архитектонски опис |
Свети Димитриј - православна црква на охридскиот плоштад, една од двете кои го носат името на Свети Димитриј во градот.[1][2] Темелите на објектот укажуваат дека се работи за стара ранохристијанска црква која била изградена во VI век, и постоела до доаѓањето на Турците, кои во XIII – XIV ја срушиле и врз темелите изградиле џамија, која постоела до 1947 година, која за време на турското владеење била претворена во џамија. Подоцна џамијата била разрушена. Во 1961 година археолозите, Вера Битракова и Елена Чипанова при истржувањето на темелите утврдиле дека тука била црквата, а пронајдена била и иконата на Св. Димитрија и средишниот мермерен столб.[3] Возобновувањето наишло на отпот од локалната власт и Исламската верска заедница.[4] Инаку според проектото за изградба, основата на црквата е со димензии: 17,5 м во должина, 12,5 м во широчина, на две висини и плус петте куполи и камбанарија со градски саат. Ваквата димензионираност се заснова на преданијата за изгледот на старата црква. Денес тука е изграден времен параклис, каде луѓето палат свеќи и донираат пари за обнова на црквата. Патрониот празник Митровден се слави со голема општонародна веселба на плоштадот.[5] Црквата во повеќе наврати била ограбувана.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Отец Љупчо Симиџиоски: Ако е по Волја Божја, ова црквиче на плоштадот ќе стане голема градска црква“. Архивирано од изворникот на 2020-09-19. Посетено на 2016-02-05.
- ↑ Возобновување на црква Св. Димитрија - плоштад Охрид
- ↑ Нема дозвола да се обнови црквата што станала џамија[мртва врска]
- ↑ Верниците организирано ќе го прослават празникот Свети Великомаченик Димитрија
- ↑ „Охриѓанец крадел од црква во центарот на Охрид“. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2016-02-05.
![]() | Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
![]() |
„Црква „Св. Влмч Димитриј“ - Охрид“ на Ризницата ? |