Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дели Хасан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
Ἁγίου Γεωργίου
Карта
41°13′27″N 23°1′42″E / 41.22417°N 23.02833°E / 41.22417; 23.02833
МестоДали Хасан, Валовишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна куполна базилика
Завршена1834
Управа
ЕпархијаВаловишка

Свети Ѓорѓи (грчки: Ἁγίου Γεωργίου Μοναστηρακίου или Μπουτκόβου) — црква во селото Дели Хасан, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Црквата е се наоѓа на рид кај селото. Изградена е во 1834 г. Претставува единствената преостаната градба од поранешниот Бутковски манастир. Градбата е трикорабна куполна базилика со полукружна апсида на исток и отворен трем од југ и запад. Прозорците се украсени со гранит, а двете врати имаат фино изработени мермерни довратници. На иконостасот има икони од XIX век. Внатрешноста е живописана во 1858 г.[3][4] Манастирот бил база на андартите за време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија на почетокот на XX век.[2]

Во 1992 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „The greek monastery in the Bulgarian village“. Γνώσις. 16 јануари 2017. Посетено на 13 декември 2018.
  2. 1 2 „Το Χριστιανικό μοναστήρι που χτίστηκε από μουσουλμάνο“. Thessaloniki Life. 19 април 2018. Занемарен непознатиот параметар |access_date= (help)
  3. „Μοναστηράκι. Ι.Μονή Αγίου Γεωργίου“. Занемарен непознатиот параметар |достъп_date= (help)
  4. 1 2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/29343/519/2-7-1992 - ΦΕΚ 606/Β/5-10-1992“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 27 октомври 2014.