Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Солун

Координати: 40°37′56.43″N 22°57′0.44″E / 40.6323417° СГШ; 22.9501222° ИГД / 40.6323417; 22.9501222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресвета Богородица Скоропослушница
Παναγίας Γοργοεπηκόου
Поглед на црквата
Карта
40°37′56.43″N 22°57′0.44″E / 40.6323417° СГШ; 22.9501222° ИГД / 40.6323417; 22.9501222
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1818
Управа
ЕпархијаСолунска

Пресвета Богородица Скоропослушница или Рождество на Пресвета Богородица, наречена и Панагуда (грчки: Παναγίας Γοργοεπηκόου, Παναγούδα) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата се наоѓа на аголот на улиците „Егнатија“ и „Герман Патраски“. Изградена е во 1818 г. на местото на постар грам со истото име, уништен од пожар во 1817 г. Можно е на местото да имало и византиска црква, судејќи по реликвиите од византискиот период што се чуваат во храмот. Можно е да се работи за „царскиот“ манастир споменат во XII, XIII и XIV век.

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време. Според изворите, храмот е изграден поголем од пропишаното во дозволата од османлискат авласт.[1] На храмот работеле зографи од Кулакиската школа; во 1820 г. на неа работел Маргарит Ламбу,[2] а во 1890-тите години на XIX век и Митакос Хаѕистаматис.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Παναγία Γοργοεπήκοος“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-07-26. Посетено на 5 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
  2. Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερά Μονή Αγίου Γεωργίου Λόφου Κιλκίς“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-06-12. Посетено на 12 јуни 2014.
  3. Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια „Συντεχνία“ αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 182. Посетено на 10 јуни 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]