Црква Свети Петар и Павле (Ереван)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Петар и Павле
Սուրբ Պողոս-Պետրոս Եկեղեցի
Црква Свети Петар и Павле
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Основни податоци
МестоАголот на улиците Абовјан и Туманјан
Кентрон, Ереван, Ерменија
Координати40°10′54″ N; 44°31′03″ E / 40.181744° СГШ; 44.517383° ИГД / 40.181744; 44.517383Координати: 40°10′54″ N; 44°31′03″ E / 40.181744° СГШ; 44.517383° ИГД / 40.181744; 44.517383
ПрипадностЕрменска апостолска црква
Статусурната во 1930 година
Архитектонски типДоцен среден век, еднобродна базилика без купола
Архитектонски стилерменска
Завршен5-6 век;
повторно изградена кон крајот на 17 век

Црквата Свети Павле и Петар (ерменски: Սուրբ Պողոս-Պետրոս Եկեղեցի; Surp Poghos-Petros yekeghetsi) била ерменска апостолска црква во Ереван, Ерменија изградена во периодот на 5-6 век. Црквата била срушена во ноември 1930 година за да се направи простор за киното „Москва“, на улица Абовјан.

Историја[уреди | уреди извор]

Според ерменскиот историчар Каро Гафадарјан, црквата Свети Петар и Павле била најголема и најстара црква во стариот Ереван. Не била единствената црква во стариот Ереван, бидејќи кога во 607 година новоизбраниот католикос на Ерменија Абрахам I одржал собир во градот Двин, ги поканил свештениците од територијата што ја контролирало Византиснкото Царство, како и двајца свештеници од Ереван, што укажува на фактот дека во Ерменија во тоа време постоеле барем две големи цркви. Во текот на 17 век, францускиот патописец Жан Шардин го посетил Ереван, и во своите описи на градот споменал дека постојат голем број цркви во стариот Ереван, но не ја споменал оваа црква.

Во 1679 година, голем земјотрес го погодил Ереван кој уништил поголем дел од градот и бројни згради и градби во околината. Меѓу тие градби била и оваа црква. Дел од источната регија на црквата преживеал, а останатиот дел набрзо бил обновен од урнатините. Новата реконструирана црква го зачувала старото име, и останала посветена на истите светци.[1]

Не постојат познати историски наводи за обновувањето на црквата Свети Петар и Павле, но се смета дека црквата е реконструирана кон крајот на 17 век. Гафадарјан ги пронашол годините 1691 и 1692 изрезбани на некои од хачкарите кои биле вградени во источните и северните ѕидови на црквата. Врз основа на уште два натписа, Гафадарјан заклучил дека подоцна биле повторно вршени реставрации. Првиот натпис, кој се наоѓа на лакот од јужната фасада, кажува дека црквата е обновена во 1778 година, додека во вториот натпис, најден на северниот ѕид, се наведува дека црквата била обновена во 1820 година со финансиска помош на населението од градот.[2]

Уривање[уреди | уреди извор]

Во ноември 1930 година, црквата Свети Петар и Павле била урната од страна на советскиот режим за да се изгради киното Москва. Многу хачкари и други верски градби, како цркви, капели и светилишта, биле уништени ширум земјата во текот на советскиот период за да се елиминира религијата која комунистичкиот режим не ја поддржувал. Некои фрагменти на ѕидовите од црквата преживеале до денес, и сега се наоѓаат во Историскиот музеј во Ереван и во Историскиот музеј на Ерменија.

Новата црква и јавната контроверза[уреди | уреди извор]

На 25 февруари 2010 година, ерменската влада го одобрила предлог проектот за преземање на раководењето со киното „Москва“ и за присвојување на земјиштето на кое во моментот се наоѓало ова кино и отворениот кино-театар на улицата Абовјан во корист на Ечмијазданската катедрала, а со цел да се изгради нова црква на местото на некогашната црква Свети Петар и Павле.[3][4]

Оваа одлука предизвикала негодување кај граѓаните. Откако планот бил објавен, група граѓани се собрале под мотото „Да го зачуваме театарот на отворено”, група која броела околу 5.000 членови. Тие собрале повеќе од 18.000 потписи во текот на петицијата, чија цел била да се запре проектот. Групата се обратила до католикосот Карекин II Ерменски, како и до ерменскиот премиер Тигран Саргсјан, повикувајќи ги на темелна јавна расправа во врска со проектот,[5][6] но групата не добила никаков одговор.[7]

Многумина ерменски архитекти и интелектуалци зборувале јавно во одбрана на театарот на отворено. Повеќе од 60 ерменски интелектуалци испратиле отворено писмо до премиерот Саргсјан со барање да се ревидира одлуката за изградба на црква на местото на театарот на отворено.[8] Некои критичари овој проект го гледале како мешање на Ерменската апостолска црква во државните работи, а како одговор на тоа, претставници на Ерменската црква ги обвиниле своите критичари дека „немаат должно почитување кон Бога”.[9] Сепак, плановите биле подоцна повлечени, поради недостаток на простор на таа локација.[10]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Saint Paul and Peter Church Архивирано на 4 септември 2011 г. in Armenian Holy Apostolic Church, Araratian Patriarchal Diocese
  2. Karo Ghafadaryan, Երևանի միջնադարյան հուշարձանները, վիմական արձանագրությունները ‘‘(Monuments and lapidary inscriptions of Medieval Yerevan)’’, 1975, Yerevan, pp. 159-160
  3. Old destination, new church: Government approves plan for another house of worship Архивирано на 2 јули 2018 г. armenianow.com
  4. (ерменски) Проект за изградба на нова црква Официјално мрежно место на Владата на Република Ерменија
  5. Маријана Григорјан: Архитектонската дебата во Ереван Архивирано на 22 декември 2015 г. Eurasianet
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 2018-07-08.
  7. Статија за отворениот театар Архивирано на 8 октомври 2018 г., armenianow.com
  8. Статија за театарот
  9. Статија во врска со киното Москва Архивирано на 8 октомври 2018 г., armenianow.com
  10. Адвокатите на киното Москва ја оспоруваат одлуката Архивирано на 8 октомври 2018 г. armenianow.com, 6. April 2010.
  • (ерменски)

ՍԲ. ՊՈՂՈՍ-ՊԵՏՐՈՍ Архивирано на 7 октомври 2011 г. од Лјусија Аракелјан 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Karo Ghafadaryan, Երևանի միջնադարյան հուշարձանները, վիմական արձանագրությունները (Споменици и натписи на средновековен Ереван), 1975, Ереван
  • Yervand Shahaziz, Հին Երեվանը (Стар Ереван), Mughni Publishing, 2003, Yerevan

Надворешни врски[уреди | уреди извор]