Прејди на содржината

Црвена пустина (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карло Чионети, Моника Вити и Ричард Харис (како Уго, Џулијана и Корадо) во Црвената пустина. во италијанско-француски филм, во режија на Микеланџело Антониони, 1964 година

Црвена пустина (италијански: Il deserto rosso) - италијанско-француски филм од 1964 година, во режија на Микеланџело Антониони, кој е автор и на сценариото, заедно со Тонино Гвера. Главните улоги ги толкуваат: Моника Вити, Ричард Харис, Карло Кјонети, Алдо Гроти, Валерио Бартолески, Емануела Паола Карбони, Рита Реноар итн. Ова е првиот филм на Антониони снимен во боја и [1] Филмот постигнал голем успех кај филмската критика, освојувајќи 7 награди, од кои три на Венецијанскиот филмски фестивал, вклучувајќи го и „Златниот лав“.[2]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во близината на петрохемиска фабрика во Равена, Џулијана (ја игра Вити) се шета заедно со синот Валерио (го игра Бартолески), набљудувајќи ги работниците кои штрајкуваат. Внатре, нејзиниот сопруг, директорот на фабриката Уго (го игра Кјонети) разговара со деловниот партнер Корадо Зелер (го игра Харис), кој е во потрага по работници за работа во Патагонија. Притоа, Уго му кажува дека неодамна Џулијана преживеала сообраќајна несреќа, која кај неа предизвикала голем шок и психичко нарушување. Ноќта, Џулијана се буди видно вознемирена, а Уго не може да ја смири. Корадо ја посетува Џулијана, која го подготвува нејзиниот дуќан, иако не знае што да продава. Подоцна, таа го придружува во неговото патување во Ферара и му раскажува за нејзиниот престој во болницата по сообраќајната несреќа. Следниот викенд, Џулијана, Уго и Корадо престојуваат во една колиба, заедно со група пријатели. Кога на блискиот брод пристигнува медицинска екипа, Џулијана станува нервозна и реагира панично. Подоцна, Уго заминува на службен пат, а Џулијана открива дека Валерио не може да оди и го носи на болница, но наскоро таа открива дека тој само се преправал. Очајна, Џулијана го посетува Корадо во хотелската соба каде водат љубов, а утредента таа талка на пристаништето каде запознава странски морнар, но не може да се разбере со него. Филмот завршува така што Џулијана и Валерио шетаат крај фабриката, а Валерио забележува дека фабричките оџаци испуштаат жолт чад.