Цедилка за лимон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цедилка за лимон

Цедилка за лимон — мал кујнски прибор чија цел е исцеди сок од лимони или други цитруси, како портокали, грејпфрут. Обично цедилката е направена од пластика, стакло, метал (обично алуминиум) или керамика.

Најстарата цедилка за лимон била пронајдена во градот Ќутахија[1], Турција во првата четвртина од XVIII век. Веќе кон крајот на XIX век во САД биле патентирани голем број на различни цедилки[2].

Цедилката за лимон има исклучително едноставна функционалност. Лимонот обично се сече на половина, а потоа со отворениот дел се притиснува на делот од цедилката кој служи за мелење. Со раката, лимонот се врти и притиска по кое сокот од лимонот се истиснува и паѓа под самата цедилка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John Carswell: "The Lemon-Squeezer; an Unique Form of Turkish Pottery" in IVème congrès international d’art turc. Éditions de l’Université de Provence, Aix-en-Provence. Цедилка за лимон
  2. Patent US28967 - chichester - Google Patents

Надворешни врски[уреди | уреди извор]