Хум (Хрватска)
Хум | |
---|---|
Град | |
Поглед на Хум | |
Местоположба на градот Хум во рамките на Хрватска | |
Координати: 45°20′53″N 14°3′0″E / 45.34806° СГШ; 14.05000° ИГД | |
Држава | Хрватска |
Жупанија | Истарска |
Општина | Бузет |
Надм. вис. | 349 м |
Население (2011) | |
• Вкупно | 30 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Мреж. место | www.hum.hr |
Хум (хрватски: Hum; италијански: Colmo; германски: Cholm) — град во средишниот дел на Истра, во Северозападна Хрватска, 7 километри од Роч. Дел е од поширокото подрачје на градот Бузет, иако неговите делови се раштркани. Надморската височина изнесува 349 метри. Според последниот попис од 2011 година имал само 30 жители,[1] но официјално се води како град.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Хум официјално се смета како најмал град во светот (технички не е точно). На неговата западна страна, градот е опкружен со ѕидини, а на другите страни, куќите се изградени во одбранбените бедеми. Првпат бил споменат во документи од 1102 година, кога бил наречен „Колм“ (Cholm), од каде потекнува италијанското име „Колмо“. Ѕвоното и кулата за набљудување била изградена во 1552 година, како дел од градската одбрана.[3]
Парохиската градска црква „Св. Јеромим“ со својата класична фасада била изградена во 1802 година на местото не поранешната црква од локалниот мајстор Јурај Гржинич.
Во црквата се зачувани написи на глаголица, напишани во втората половина на XII век и се едни од најстарите написи на глаголица во хрватската книжевна култура во средниот век. Градскиот музеј има неколку написи на глаголица.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата во Хум
-
Куќи во Хум
-
Улица во Хум
-
Железничката станица во Хум
-
Ѕвонарник во Хум
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „SAS Output“. Dzs.hr. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 6 мај 2009.
- ↑ Frommer's Eastern Europe, pg. 179, Frommers (2009); ISBN 0-470-39908-2
- ↑ 3,0 3,1 Naklada Naprijed, The Croatian Adriatic Tourist Guide, pg. 27, Zagreb (1999); ISBN 953-178-097-8
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|