Хрватски народни носии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хрватски народни носии од Неум

Хрватските народни носии се дел од културното наследство на хрватскиот народ и се со исклучително широк спектар на различни носии. Народните носии и фолклорот се неразделно поврзани со начинот на живот и ги одразуваат социјалните и културните карактеристики на соодветните географски региони и поднебја каде што живеат Хрватите.

Тие се одлика на уметничките разбирања и одразуваат различни историски влијанија. Хрватските народни носии се разновидни и раскошно изработени. До половината на 19-тиот век, ги носеле воглавно жителите на селските подрачја. По начинот на облекувањето се препознавало од кој регион потекнува личноста. Хрватските народни носии можат грубо да се поделат на носии од јадранскиотпанонскиот и динарскиот дел од Хрватска.

Поврзани статии[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]