Коњанички музеј (Амерсфорт)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поранешен ирски Landsverk L180 насликан да личи на Pantserwagen M-38. Експонат во Коњаничкиот музеј.

Коњанички музеј (холандски: Cavaleriemuseum) ― музеј кој се наоѓа во средиштето на Холандија, во градот Амерсфорт. Музејот е сместен во две големи згради во касарната „Бернхард“ (Bernhardkazerne).

Во прикажаната збирка содржи мали предмети, како униформи, огнено оружје, сребро, слики, макети, итн., и поголеми предмети, како возила, оклопни автомобили, тенкови и поврзана опрема, кои биле или сè уште се во употреба со коњаницата на Кралската холандска армија. Музејот опфаќа повеќе од 425 години историја и на посетителот му ја прикажува еволуцијата на коњаницата од јавање коњи до современиот тенк.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]