Хозе Мухика
Хозе Алберто „Пепе“ Мухика Кордано (роден на 20 мај 1935) е уругвајски политичар кој бил 40-ти претседател на Уругвај помеѓу 2010 и 2015 година. Тој е поранешен герилски борец во редовите на тупамаросите и бил затворен 13 години за време на воената диктатура во земјата во 1970-те и 1980-те. Како член на коалицијата на левичарски партии, Мухика бил министер за сточарство, земјоделие и рибарство од 2005 до 2008 година, а потоа сенатор. Како кандидат на левичарската коалиција, тој победи на претседателските избори во Уругвај во 2009 година и ја презел функцијата Претседател на 1 март 2010 година.
Мухика го опишуваат како „најскромниот претседател на светот“ поради неговиот скромен животен стил и донирањето на 90% од неговата месечна плата од 12.000 американски долари во добротворни прилози во корист на сиромашните и малите претприемачи.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- „Запознајте го Хозе Мухика – најсиромашниот претседател на светот!“, „Точка“, 31 декември 2013.
- „Цитати од најсиромашниот претседател на светот - Хозе Мухика“, „Факултети“, 12 февруари 2015.
- „Најсиромашниот претседател во светот многу јасно објаснува зошто е задолжително да се исфрлат богатите луѓе од политиката“, „Мотика“.
- Довидување, Хозе Мухика, ќе ни фалиш“, „Е-магазин“, 2 март 2015.
- „Хозе Мухика – „Последниот херој во политиката“, Нова Тв, 3 март 2015.
- „Хозе Мухика, претседателот по кој светот копнееше“, „Плусинфо“, 18 март 2015.
![]() |
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |