Хејно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хејно (роден на 13 декември 1938 како Хајнц Георг Крам) — познат германски пејач. Хејно продал повеќе од 50 милиони записи, и се смета за еден од најуспешните германски музичари на сите времиња. [1]

Хејно е познат по неговиот баритон глас и неговата препознатлива комбинација на светло руса коса и темни очила за сонце (ги носи многу често на неговите настапи). Живее во градот Бад Минстервејфел, каде што поседувал кафуле до јуни 2012 година.[2] Неговиот интерес за музика започнал кога неговата мајка му дала хармоника во 1948 година, иако неговото семејство едвај можело да си го дозволи тоа. [3] [4]

Живот[уреди | уреди извор]

Хејно е роден на 13 декември 1938 година во Дизелдорф-Обербилк, Германија и негови родители се Хајнрих и Франциска Крам. Неговиот татко бил римокатолик и работел како стоматолог, а неговата мајка била протестантка. Неговиот дедо бил органист во катедралата во Келн. Исто така, имал двајца братучеди кои биле католички свештеници. Таткото на Хејно бил одбран да стане дел од германската армија за време на Втората светска војна и бил убиен на 2 август 1941 година за време на инвазијата на Советскиот Сојуз.[5]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Heino vs. Campino: Ich habe 50 Mio Platten verkauft – das schaffen die nicht mehr - Rolling Stone“. Rollingstone.de. 2013-02-21. конс. 2013-08-15. 
  • Heino closes his cafe
  • „Home“. Heino.de. конс. 2013-08-15. 
  • „The Stories of 10 People Featured on Historically Bad Album Covers“. Mental Floss. 2011-10-10. конс. 2013-08-15. 
  • „Heino - official web site - Biography“. конс. 2012-01-08.