Хенри Лонгфелоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенри Водсворт Лонгфелоу
Henry Wadsworth Longfellow, photographed by Julia Margaret Cameron in 1868.jpg
Фотографија на Лонгфелоу, сликана од Џулија Маргарет Камерон во 1868
Роден/афевруари 27, 1807(1807-02-27)
Портланд, Мејн
Починат/амарт 24, 1882(1882-03-24) (воз. 75 г.)
Кембриџ, Масачусетс
Занимањепоет
професор
УниверзитетКолеџ Боудин
Сопруг/аМери Сторер Потер
Франсис Елизабет Еплтон
ДецаЧарлс Еплтон Лонгфелоу
Ернест Водсворт Лонгфелоу
Фани Лонгфелоу
Елис Мери Лонгфелоу
Едит Лонгфелоу
Ен Елгра Лонгфелоу

Потпис

Хенри Водсворт Лонгфелоу (англиски: Henry Wadsworth Longfellow, 27 февруари 1807 – 24 март 1882) бил американски поет и професор. Лонгфелоу е познат по поемите „Јавањето на Пол Реверс“ и „Евангелина“. Лонгфелоу е познат во книжевноста поради фактот што е првиот Американец кој ја превел поемата „Божествена комедија“ од Данте Алигиери. Лонгфелоу е еден од т.н. домашни поети - група на поети поврзани со Нова Англија.

Лонгфелоу бил роден во Портланд, денес во сојузната држава Мејн а тогаш во американската сојузна држава Масачусетс.[1] Тој се образувал на колеџот „Боудин“, а подоцна своето образование го продолжил на колеџот „Харвард“. Претходно поминал извесен период во Европа. Неговата прва голема збирка поеми била збирката „Гласови на ноќта“ од 1839 година и „Балади и други поеми“ од 1841 година. Во 1854 година се пензионирал од предавање и се посветил на своето пишување. Остатокот од својот живот го живеел во домот на Лонгфелови, куќа која своевремено била и револуционерно воено седиште на Џорџ Вашингтон во Кембриџ во Масачусетс. Неговата сопруга Мери Потер умрела во 1835 година, а неговата втора сопруга Франсес Еплтон умрела во 1861 година од изгореници од пожар. По нејзината смрт Лонгфелоу имал потешкотии да пишува поезија и се посветил на преводот на дела од странски јазици. Лонгфелоу умрел во 1882 година.

Лонгфелоу напишал голем број лирски песни, познати по својата музикалност и често претставувале прикажни од митологијата или легенди. Тој станал најпопуларен поет во своето време, а воедно бил доста успешен и надвор од САД. Сепак, неговите современици го критикувале дека имитира европски стилови и пишува за општата маса на народ.

Дела[уреди | уреди извор]

Некои од делата на Лонгфелоу се:

Поеми
  • „Прекуморски: аџилак преку морето“ (Outre-Mer: A Pilgrimage Beyond the Sea, 1835)
  • „Хиперион, романса“ (Hyperion, a Romance, 1839)
  • „Шпански ученик. Драма во три чина“ (The Spanish Student. A Play in Three Acts, 1843)
  • „Евангелина: Акадиска приказна“ (Evangeline: A Tale of Acadie, 1847)
  • „Кавана“ (Kavanagh, 1849)
  • „Златна легенда“ (The Golden Legend, 1851)
  • „Песната на Хијавата“ (The Song of Hiawatha, 1855)
  • „Трагедии од Нова Англија“ (The New England Tragedies, 1868)
  • „Божествена трагедија“ (The Divine Tragedy, 1871)
  • „Кристус: Мистерија“ (Christus: A Mystery, 1872)
  • „Последица (Aftermath, 1873)
  • „Стрелата и песната“ (The Arrow and the Song)
Збирки
  • „Гласови на ноќта“ (Voices of the Night, 1839)
  • „Балади и други поеми“ (Ballads and Other Poems, 1841)
  • „Поеми за ропството“ (Poems on Slavery, 1842)
  • „Камбанаријата од Бриж и други поеми“ (The Belfry of Bruges and Other Poems, 1845)
  • „Покрај брег и покрај огниште“ (The Seaside and the Fireside, 1850)
  • „Поетски дела на Хенри Водсворт Лонгфелоу (The Poetical Works of Henry Wadsworth Longfellow Henry Wadsworth Longfellow)

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]