Хенри Брендон (Прв Ерл од Линколн)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри Брендон
Ерл од Линколн
Henry Brandon, Earl of Lincoln.jpg
Татко Чарлс Брендон
Мајка Марија Тјудор

Хенри Брендон ( 1523 - 1 март 1534) — син на благородникот Чарлс Брендон и неговата сопруга Марија Тјудор, сестра на англискиот крал Хенри VIII.

Често пати Хенри Брендон погрешно се поистоветува со неговиот постар брат со исто име, кој починал во околу 1522 година. Но давањето на исти имиња во текот на Тјудорскиот период било вообичаено, главно поради оддавање на почит кон блискиот.

На 18 јуни 1525 година од страна на англискиот крал Хенри VIII му била дадена титулата Ерл од Линколн, време кога тој имал само две години.

Во текот на својот живот, Хенри Брендон се сметал дека еден ден ќе биде наследник на англискиот престол, бидејќи Хенри немал директен наследник, ако се знаело дека Едвард бил болен и дека ќе почине многу млад. Сепак, и Хенри Брендон починал на единаесет години.