Хархорин
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Хархорин (монголски: Хархорин) — град и административен центар на истоимената област во покраината Оворхангај во Монголија. Градот има вкупно население од 8.977 жители и површина од 20.5 км2.
Хархорин се наоѓа на долниот дел на горната долина на реката Орхон. Во близина се Хангајските планини.
Во близина на градот се наоѓаат рушевините од античкиот град Каракорум, кој за кратко време бил главен град на Монголското Царство под раководство на Огедеј Хан. Од голема значајност е и Ердене Зу манастирот што се наоѓа во близина на Хархорин.
Главен извор на егзистенција во градот е туризмот и земјоделството. Водите на реката Орхон служат за наводнување на полињата. Во Хархорин се наоѓа и Хархорин аеродромот со една писта и со летови до Улан Батор.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- PADCO: Урбан развој на Монголиа и сектор за стратегија на домаќинство, Краен извештај, Vol. 2, 2005 Архивирано на 19 октомври 2007 г.
47°11′50″N 102°49′26″E / 47.19722°N 102.82389°E
|