ХЕЦ „Вруток“
ХЕЦ „Вруток“ | |
---|---|
Влезот на централата „Вруток“ | |
Назив | Хидроелектрична централа „Вруток““ |
Земја | Македонија |
Место | Вруток |
Координати | 41°46′14″N 20°50′18″E / 41.77056° СГШ; 20.83833° ИГД |
Статус | функционална |
Изградбата почнала | 1947 |
Пуштена | 1957 |
Сопственик | ЕСМ |
Оператор | ЕСМ |
Информации за произодството | |
Построен капацитет | 165,6 MW |
Годишно производство | 350 GWh |
Вруток (Хидроелектрична централа „Вруток“ или ХЕЦ „Вруток“) — хидроцентрала, која е дел од хидросистемот „Маврово“,[1][2] со вкупен капацитет од 165,6 MW.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Централата била пуштена во работа во 1957 година, а изградбата на целиот хидросистем „Маврово“ започнала во 1947 година.[4] Во времето на Југославија, хидроцентралата го носела името ХЕЦ „Тито“.[5]
Во 2014 година била извршена модернизација на сите четири агрегати и на придружната опрема, со што моќноста на електроцентралата била зголемена за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство од околу 50 гигават-часови. Модернизацијата била финансирана од ЕЛЕМ (9,5 милиони евра) и со кредит од банката KfW (27,1 милиони евра).[6]
Особеност
[уреди | уреди извор]ХЕЦ „Вруток“ е акумулациска хидроелектрична централа со установена моќност од 41,4 MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м3 вода.[7]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на централата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
- ↑ esmak.com.mk Архивирано на 21 април 2008 г., Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010
- ↑ 2011.10.31 „Градежен Институт“ ќе врши геолошки испитувања за Луково Поле plusinfo.mk Архивирано на 3 јануари 2012 г.
- ↑ „65 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ГОЛЕМА ХИДРОЕЛЕКТРАНА-ВРУТОК, ОСНОВА НА СОВРЕМЕНОТО ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО – АД. ЕСМ“. Посетено на 2023-03-06.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 63.
- ↑ ”Зголемена инсталираната моќност на ХЕЦ Вруток”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 9.
- ↑ „Мавровски систем – АД. ЕСМ“. Посетено на 2023-03-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ХЕЦ „Вруток“ на Ризницата ?