Фуро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фуро (изградено 1400, обновено 1596) во Кјото
Модерно акрилно фуро во јапонски апартман

Фуро (風 呂) или почесто офуро (お 風 呂) – традиционална јапонска бања. Се одликува со кратка дрвена када со стрмни страни.[1] Кадите од овој вид се наоѓаат ширум Јапонија во куќите, становите и традиционалните јапонски ресторани (риокани), но денес вообичаено се направени од пластика или нерѓосувачки челик. Фурото се разликува од конвенционалната западна када по тоа што е подлабоко, обично е длабоко 0,6 м. Страните се повеќе квадратни отколку заоблени. Главно немаат одводен сливник. Традиционалните фуроа, кои некогаш се изработувале од лиено железо, биле греени од печки на дрва вградени под нив. Обично фурото се оставало преку ноќта наполнет со вода, а по користењето во некои домаќинства водата повторно се користела или се рециклирала за перење облека следниот ден. Како и на запад, се случувало и повеќе членови на семејството да ја користи истата вода во бањата, па заради тоа на Јапонците им било многу битно да бидат потполно чисти пред влегување во бањата.[2] Овој вид фуро бил претходник на современата кадичка во западен стил. Фуро е дел од јапонскиот ритуал на капење и важно е да се напомене дека не е наменет за миење, туку за опуштање и загревање. Капењето (миењето) се вршело посебно вон фурото. Потребно е претходно да се истушира, па потоа да се влезе во водата. Вообичаено јапонските бањи се мали во склад со западните стандарди, така што бањата е организирана како простор за туширање која содржи фуро. Со оглед дека бањата е целосно влажна, во модерните згради загревањето се врши со клима-уреди. Водата е жешка, обично околу 38-42 Целзиусови степени. Современото фуро може да биде направено од акрил, опремен со систем за рециркулација кој ја филтрира и повторно загрева водата. Овој систем е поврзан со грејач на вода. Луксузните модели и понатаму се изработуваат од традиционално и скапо дрво како што е хиноки, а дополнително можат да бидат опремени со модерна опрема.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Japanese Bathing Etiquette | Japanese Guest Houses“. www.japaneseguesthouses.com (англиски). Посетено на 2018-03-02.
  2. „Japanese culture and daily life series“. 2005-02-10.
  3. „Sento Guide | A guide to public baths in Japan“. www.sentoguide.info.