Франсоа Бегодо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франсоа Бегодо
François Bégaudeau 5a.jpg
Франсоа Бегодо
Роден/а27 април 1971
Лисон, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Франсоа Бегодо (француски: François Bégaudeau, роден на 27 април 1971 во Лисон) — француски писател, музичар и глумец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Франсоа Бегодо е роден на 27 април 1971 во Лисон, Франција. Во текот на 90-тите години бил член на панк групата Zabriskie Point. Се запишал и дипломирал француски јазик и литература. Работел како наставник во средно училиште Дре и во Париз.

Својот прв роман „Jouer juste“ (Само игра)го објавил 2003 година. Во 2005 година ги објавил романите „Dans la diagonale“ (Дијагонално) и „Un démocrate : Mick Jagger 1960-1969“ (Демократот; Мик Џегер 1960-1969). Франсоа Бегодо е најпознат по својот трет роман „Entre les murs“ (Помеѓу ѕидовите), по кое дело бил снимен и филм, каде Франсоа ја играл главната улога.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Jouer juste, 2003
  • Dans la diagonale, 2005
  • Un démocrate : Mick Jagger 1960-1969, 2005
  • Entre les murs, 2006
  • Débuter dans l'enseignement : Témoignages d'enseignants, conseils d'experts, 2006
  • Devenirs du roman, 2007
  • Une année en France : Réferendum/banlieues/CPE, 2007
  • Fin de l'histoire, 2007
  • Vers la Douceur, 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]