Фотокина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на Фотокина
Јужниот влез на Келнскиот саем за време на Фотокина во текот на 2008 година.

Фотокина — најголем светски саем што се одржува во Европа за фотографските индустрии. Првата фотокина беше одржана во Келн, Германија, во 1950 година, а од 1966 година се одржува на секои две години во септември на Келнскиот саем и Изложбениот центар во Дојц. Многу фотографски и репрографски претпријатија прикажуваат нови и иновативни производи на саемот фотокина. Шоуто има два главни конкурента, кои се одржуваат годишно на два различни дела од светот. Шоуто CP+ што се одржува во Јокохама, Јапонија, кое првично било именувано како Јапонско шоу за камери и се одржува од почетокот на 1960-тите години. Во САД, главното фотографско шоу е PMA@CES, кое од 2012 година се соединило со Интернешнл ЦЕС (International CES), шоу за потрошувачка електроника во Лас Вегас.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата фотокина се има одржано во 1950 година на иницијатива на Бруно Ул. Обележувајќи ја важноста на трговското шоу, претседателот на САД, Двајт Д. Ајзенхауер испратил телеграма со поздрав што го обележала отворањето на фотокина во 1956 година.

  • Шоуто во 2008 имало 1579 изложбеници од 46 држави и имало повеќе од 169.000 посетители од 161 држава.[1]
  • Фотокина во 2010 година се одржала од 21 до 26 септември. Имало 1251 фирма од 45 држави и над 180.000 посетители од 160 држави.[2]
  • Бројот на посетители пораснал на 185.000 од 166 држави за фотокина во 2012 година која се одржала од 18 до 23 септември. На таа фотокина имало 1158 фирми од 41 држава.[3] Посетеноста во 2014 година останала иста со околу 185.000 посетители.[4]
  • Саемот фотокина во 2016 година е првиот кој се одржал под новиот слоган „Замислете го неограничено“ (Imaging unlimited) од 20 до 25 септември 2016. Оваа фотокина била посетена од околу 191.000 посетители.[5]
  • Следната фотокина ќе се одржи во Келн, Германија од 25 до 30 септември во 2018 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. photokina report 2008 Архивирано 26 February 2010[Датумско несогласување] во Wayback Machine.
  2. "photokina report 2010". News-photokina.koelnmesse.info. конс. 16 февруари 2013. 
  3. "photokina report 2012". photokina.de. 2011-08-15. конс. 16 февруари 2013. 
  4. koelnmesse (21 септември 2014). "photokina 2014: Final Report". Соопштение за печат.  посет. 24 септември 2014 г
  5. http://www.photoscala.de/2016/09/26/rueckblick-das-war-die-photokina-2016/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]