Фине (ридови)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фине се масив на ридови во германските покраини Саксонија-Анхалт и Тирингија.

Географија[уреди | уреди извор]

Заедно со Шмике, Хое Шреке и Хајнлајте, Фине се граничи со североисточните делови на Тириншкиот басен. Се наоѓа помеѓу Бад Зулца и Хаутерода.

Тунелот Фине, кој е дел на брзата железничка линија Ерфурт-Лајпциг/Хале и моментално (2012) е во изградба, е планирано да поминува под масивот Фине со вкупна должина од 6.885 метри.

Ридови[уреди | уреди извор]

  • Кинцелсберг (380 метри)
  • Зелигенборнсберг (355 метри)
  • Венденбург кај Бургвенден (354 метри)
  • Бухберг (350 метри)

Природна заштита[уреди | уреди извор]

Делови на Фине се прогласени како природен резерват.

Природниот резерват бил запишан од Европската Комисија како дел на регионот Хое Шреке-Фине.