Филип Шашко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Шашко
Роден Филип (Липо) Христов Шашко
27 март 1936(1936-03-27)(88 г.)
Брезница, Егејска Македонија,  Грција
Националност Македонец
Занимање историчар, универзитетски професор

Филип Шашко (р. 27 март 1936 во Брезница (Костурско)) — македонски историчар и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По напуштањето на Егејска Македонија, гимназијата ја завршува во Букурешт, Романија, во 1954 година и една година студира на тамошниот универзитет. Бидејќи татко му живеел во САД (од 1912 година), Шашко заминува таму во 1955 година. Ги завршува студиите по општа историја на Мичигенскиот државен универзитет во 1960 година. Магистерските студии по руска културна историја ги завршува на Калифорнискиот универзитет во Беркли во 1961 година, специјализира на Мичигенскиот универзитет во Ен Арбор со диплома по културната историја на Русија и Источна Европа во 1963 година, каде што ја одбранува и докторската дисертација (Unity and dissent among the Russian Westernes) во 1969 година.

Со такви интердепартмански и интердисциплинарни специјалистички студии на средновековната руска и византиска историја, со проучувања на современата европска историја, на американската културна историја и современата политичка мисла, станува професор на Катедрата по историја на Универзитетот Висконсин во Милвоки, САД. Ја проучува балканската и посебно бугарската и македонската историја и култура во XIX и XX век и објавува во угледни американски и европски публикации, а учествува и во разни американски и балкански историски и славистички асоцијации.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шашко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1649. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]