Филип Атанасов

Филип Атанасов (Смрдеш, 1888 — СССР, 1956) ― македонски лекар, припадник на федералистичкото крило на ВМРО.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]По Првата светска војна се вклучил во активностите на македонската емиграција во Софија и се залагал за обединување на македонските револуционерни сили. Во октомври 1920 година, на Вториот собор на Сојузот на македонските братства бил избран за член на Привремената комисија, која се застапувала за обединување на македонските братства во Бугарија. Со основањето на МФО, станал член на нејзиното раководство и потписник на Тиранскиот протокол во декември 1921 година. Во списанието „Балканска федерација“, во броевите 7 и 8 од 1924 година, Филип го изразил мислењето дека обединетото македонско движење поткрепено од македонскиот народ народ, ќе води борба како со непријателите така и со поробувачите на Македонија.[2]
Истата 1924 година, бил принуден да се пресели во Виена, каде што се вклучил во основањето на ВМРО (Обединета). Припаѓал на националнофедералистичката струја на оваа организација. За време на Втората светска војна, тој се вратил во Софија, каде што заедно со Павел Шатев работеле за советската разузнавачка служба. По војната, тој се преселил во Советскиот Сојуз.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 50. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=му недостасува|last=(help) - 1 2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 33. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=му недостасува|last=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Луѓе од Смрдеш
- Починати во СССР
- Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија)
- Македонски општественици
- Починати во 1956 година
- Дејци на Македонските братства
- Родени во 1888 година
- Македонски политичари
- Дејци на ВМРО (Обединета)
- Македонски социјалисти
- Македонски комунисти
- Македонски револуционери
- Македонци од Првата светска војна
- Советски шпиони