Утман Таха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Утман Таха
عثمان طه
Роден(а)Алеп, Сирија
НационалностСириец
Занимањеарапски краснописец
Верасунитски ислам
РодителиАбду Таха Хусеин

Утман ибн Абдух ибн Хусејн ибн Таха (најчесто само Утман Таха, арапски: عثمان طه) е арапски краснописец прочуен по тоа што рачно го изработил мусхафот (книжното издание) на Куранот што се издава во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот како официјален.[1]

Таха е роден во 1934 г. во предградие на Алеп, Сирија. Дипломирал шеријатско право на Дамаскиот универзитет, а студирал и арапски јазик, исламски декоративни уметности и сликарство.[1] Добил стручно краснописно уверение кај Хамид ел-Амиди, таканеречениот мајстор на сите краснописци во исламскиот свет. Учел краснопис и кај Муахамед Али ел-Мевлеви, Ибрахим ел-Рифаи (во Алеп), Мухамед Бедеви ел-Дијрани (во Дамаск) и Хашим ел-Багдади.[2]

Првиот мусхаф (пишан примерок на Куранот) го изработил во 1970 г.[1] Во 1988 престојувал во Саудиска Арабија, и заради неговиот извонредно убав, јасен и лесно читлив стил бил назначен за краснописец и краснописец во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот во Медина.[1] Истата година бил избран и за член на стручната жири комисија за доделување на Наградата за арапски краснопис која се одржува на секои три години во Истанбул.

За време на 18-те години работа во комплексот „Крал Фахд“, Утман има изработено четири мусхафи[1] од кои се дистрибуирани 200 милиони примероци ширум светот.[1] За три децении работа Таха изработил дури 10 масхафи.[1] Најчесто еден мусхаф бара повеќе од 3 години пишување и уште една година за лектура и коректура.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Гави, Ахмад. „Утман Таха“, весник ЕлРијад, 23 ноември 2006.
  2. Статија на арапската Википедија (арапски)