Универзитет во Поатје
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Université de Poitiers | |
| Вид | Јавен |
|---|---|
| Основан | 1431 |
| Претседател | Жан-Пјер Жесон |
Административен кадар | 2.300 |
| Студенти | 24.000 |
| Место | Поатје, Франција |
| http://www.univ-poitiers.fr/ | |
![]() | |

Универзитетот во Поатје (француски: Université de Poitiers) е универзитет кој се наоѓа во Поатје, Франција.
Историја
[уреди | уреди извор]Универзитетот е основан во 1431 година од страна на Папата Евгениј IV за време на владеењето на кралот Шарл VII, Универзитетот во Поатје најпрво бил составен од 5 факултети: теологија, канонско право, цивилно право, медицина и уметности.
Во 16. век, универзитетот извршил силно влијание врз културниот живот во градот и бил на второ место по оној во Париз. Од 4.000 студенти во тоа време, некои станале познати: Франсоа Рабле, Рене Декарт, Франсис Бекон и др.
По привременото затворање за време на Француската револуција кога биле укинати универзитетите во внатрешноста, Универзитетот во Поатје повторно проработел во 1896. Се отвориле и катедри по наука и книжевност.
Организација
[уреди | уреди извор]
Универзитетот ги покрива сите поглавни академски домени преку своите 14 оддели, институти и школи:
- Истражувачки оддели
- Оддел за право и општествени науки
- Оддел за економија
- Оддел за основни и применети науки
- Оддел за книжевност и јазици
- Оддел за хумани науки и уметности
- Оддел за спортски науки
- Оддел за медицина и фармација
- Школи
- Виша инженерска Националната школа од Поатје (École Nationale Supérieure d'Ingénieurs de Poitiers - Higher National Engineering School of Poitiers) (ENSIP)
- Институти
- Политехника од Поатје (IUT)
- Политехника од Ангулем
- Институт за Бизнис Администрација (IAE)
- Институт за Комуникација и Нови Технологии (ICOMTEC)
- Подготвителен Институт за Општа Администрација (IPAG)
- Институт за Индустриски, Безбедносни и Финансиски Ризици(IRIAF)
Во 2005 правниот факултет е рангиран на второ најдобро место од страна на француското списание "l'étudiant".
Точки на интерес
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Official website (француски) (англиски) (шпански)
Предлошка:Coimbra Group Предлошка:IRUN Предлошка:Public Universities in France
