Убиство на свиреп и подмолен начин
„Убиство на свиреп и подмолен начин и од ниски побуди“ (српски: Убиство на свиреп и подмукао начин и из ниских побуда) – југословенски филм од 1969 година, во режија на Жика Митровиќ по сценариото на Милан Милиќевиќ - Ланг. Главните улоги ги толкуваат: Михаило Јанкетиќ, Ирена Просен, Зоран Милосављевиќ и Петар Краљ. По темата и по стилот, филмот се надоврзува на филмот на Митровиќ, „Нож“, а се одликува и со тоа што допира една тема која била табу во тогашната југословенска кинематографија — абортусот (кој во тоа време бил незаконски). Исто така, филмот го привлекол вниманието и со тоа што е снимен во стилот „cinema verite“, односно во него се користат и документарни сцени, како и славни личности кои се појавуваат во филмот глумејќи се себеси.[1]
Синопсис[уреди | уреди извор]
Убиство извршено во центарот на Белград му обезбедува материјал на еден новинар за да ја пополни својата рубрика. Но, кога милицијата ќе уапси и обвини еден човек, кој по неговото мислење е невин, новинарот се замешува во истрагата при што среќава повеќе личности од чаршискиет кругови и од белградското подземје. Иако го изложува својто живот на опасност, најпосле, новинарот го иткрива убиецот.
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Криминалистички филмови
- Филмови поврзани со убиства
- Српски филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови чие дејствие се одвива во Белград
- Филмови од 1969 година
- Филмови на Жика Митровиќ
- Филмови со Михаило Јанкетиќ
- Филмови со Ирена Просен
- Филмови со Зоран Милосављевиќ
- Филмови со Петар Краљ