Убинас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Убинас
Volcán Ubinas y Laguna de Salinas, Arequipa, Perú, 2015-08-02, DD 48.JPG
Убинас
Највисока точка
Надм. вис.5672 м [1]
Координати16°21′18″S 70°54′11″W / 16.35500° ЈГШ; 70.90306° ЗГД / -16.35500; -70.90306Координати: 16°21′18″S 70°54′11″W / 16.35500° ЈГШ; 70.90306° ЗГД / -16.35500; -70.90306[1]
Географија
Убинас на интерактивна карта

Карта

МестоМокегва, Перу
Матичен венецЦентрална Вулканска Зона, Анди
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувмарт до август 2015 (во тек)[1]

Убинасстратовулкан кој се наоѓа на Андите од јужниот дел на Перу, околу 70 километри северозападно од Арекипа. Вулканот не бил активен повеќе од 40 години, кога се активирал во 2006 година.

Убинас се наоѓа во јужниот дел на Перу. Вулканот претставува сложен конус изграден на високото плато кое било формирано од олигоцено-миоценски игнимбрити и интрузивни карпи. Убинас се состои од два објекти кои делат два главни периоди на своето еруптивно однесување. Првиот е долниот вулкан под 600 метри, познат како Убинас 1 (период на ерупција> 376 ка), кој се распаднал и формирал остатоци од лавини текови до 12 километри од Рио Убинас. Овој колапс бил проследен со ерупција на игмнибрити. Убинас се наоѓа на 230 километери источно од Перуанско-Чилеанската бразда и околу 150 км (93 ми) над Вадати-Бениоф зона, каде што плочата Наска е подложена на натопи во опсег од 20 - 30˚.

На 22 април 2006 година, вулканот ја прекинал својата 40-годишна пауза и избувнал, произведувајќи фумароли и пепел. На 23 април 2006 година, властите на Перу прогласиле вонредна состојба во градовите во близина на вулканот.

На 28 април 2014 година, и покрај неодамнешниот пад на земјотресите, од вулканот Убинас избувнал пепел.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ubinas“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]