Топлинска временска скала

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во астрофизиката, топлинска временска скала или Келвин-Хелмхолцова временска скала е приближното време кое и е потребно на ѕвездата да ја израчи својата вкупна кинетичка енергија со нејзината моментална стапка на сјајност.[1] Заедно со јадрената временска скала и динамичката временска скала, користена е за да се процени колку долго една ѕвезда ќе остане во одредена фаза од нејзиниот живот и нејзиниот животен век доколку се исполнети хипотетичките услови. Во реалноста, животниот век на ѕвездата е поголем од она што се проценува со топлинската временска скала, бидејќи како што едно гориво се намалува, друго ќе го заземе неговото место - согорувањето на водородот преминува во согорување на хелиум, а потоа во согорување на јаглерод.

Ѕвездена астрофизика[уреди | уреди извор]

Големината на ѕвездата како и нејзината излезна енергија генерално го одредуваат термичкиот животен век на ѕвездата бидејќи мерењето е независно од видот на горивото што вообичаено се наоѓа во нејзиниот центар. Навистина, термичката временска скала претпоставува дека воопшто нема гориво внатре во ѕвездата и едноставно го предвидува времето кое би било потребно за настанатата промена во излезната енергија да стигне до површината на ѕвездата и да стане визуелно видлива за надворешниот набљудувач.[2][3]

каде што G е гравитациска константа, M е масата на ѕвездата, R е радиусот на ѕвездата и L е сјајноста на ѕвездата. На пример, термичката временска скала на Сонцето е приближно 15,7 милиони години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bradt, Hale (2008). Astrophysics Processes. Соединети Држави: Cambridge University Press.
  2. Kippenhahn; Weigert. Stellar Structure and Evolution. Springer-Verlag.
  3. Kippenhahn, Rudolf, 1926- (2013). Stellar structure and evolution. Weigert, A. (Alfred), 1927-1992., Weiss, A. (Achim) (2.. изд.). Berlin: Springer. ISBN 978-3-642-30304-3. OCLC 817913300.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)