Тони Зен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тони Петковски
ToniZen.jpg
Основни податоци
Родено име Тони Петковски
Познат(а) и како Тони Зен
Роден(а) 21 јули 1983
Македонија Скопје, Република Македонија
Жанр(ови) Рап
Занимање/ња Пејач, композитор, изведувач на гитара, текстописец
Години активност 2002–денес
Веб-место ToniZen.mk

Тони Петковски (21 јули 1983), во јавноста познат како Тони Зен, е македонски рапер и продуцент. Член е на групата Урбана Димензија, а се занимава со рап повеќе од 10 години.

Кариера[уреди | уреди извор]

Под влијание на американскиот хип-хоп, кон крајот на 90-тите години Тони (со уметничко име Kire Daskalov) почнува да се занимава со рап музиката. Активен е во неговата прва група „105“, снимајќи демо снимки достапни само на хип-хоп програмата на скопското радио Канал 103. Во 2002 година заедно со DJ Чваре ја формира групата Урбана Димензија, и со тоа започнува професионално да се занимава со рап музиката. Во меѓувреме Тони своето уметничко име од Тони Монтана го менува во Тони Зен Настапуваат на бројни настани во Македонија од кои се издвојува Street Beats Festival (хип-хоп вечер на Таксират 2005), како предгрупа на Jeru Da Damaja, Afu Ra, Guru и Едо Маајка. Тони Зен како соло артист, а и како член на Урбана Димензија работи на повеќе проекти во блиска соработка со Единствена Опција, Мартин Србиновски, Бојана и Бисера (Gemini), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Јован Јованов и други.

Тони Зен бил гостин на концертот на Слаткаристика одржан на Антички театар во Охрид на 23 јули 2009, a исто така бил дел и од концертот на Слаткаристика, одржан во Метрополис Арена во Скопје каде имал свое шоу на сцената. На 31 март 2010 година, Тони Зен настапил како предгрупа на концертот на 50 Cent кој се одржа во салата "Борис Трајковски" во Скопје. Значаен датум за Тони Зен е 23 јули 2010 година, затоа што тогаш го одржал својот прв солистички концерт во Античкиот театар во Охрид пред околу 4 000 гледачи, а како гости на концертот настапиле Токсикологија и Слаткаристика.

Како најуспешен период во неговата досегашна кариера се смета периодот во 2009 и 2010 година кога Тони Зен претставувал еден од најдобрите рап артисти на територијата на Република Македонија. Покрај успехот во музиката, Тони е и сопственик на Tony's Soul Wear, продавница наменета исклучиво за хип-хоп облека. Продавницата се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

Од првите два албума
  • Зен мастер (2004)
  • Скопје мој град (2005)
  • Покрај Мене (feat. Gemini) (2005)
  • Во полн ефект (2006)
  • За Пандев (feat. Тамара) (2006)
  • Дали сакаш (feat. Единствена Опција)) (2006)
  • Сега Знам (feat. Мартин Србиновски) (2007)
  • Mi casa e su casa (feat. Слаткар) (2007)
Од последните два албума
  • Скандал (2009)
  • Спушти Се Доле (feat. Слаткар) (2009)
  • Во мој стил (2009)
  • Не ме замарај (feat. Тамара) (2010)
  • Океј (2010)
  • Јас сум хип хоп (2010)
  • Бас (2011)
  • Надвор & Повеќе од рапер (2012)

Видео записи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорге Стојанов, "Не станав познат да бидам швалериште", Антена, бр. 804, петок, 22.11.2013, стр. 5.