Томислав Џеков
Изглед
| Томислав Џеков | ||
| Роден | Томислав Џеков 18 септември 1943 Гевгелија, Царство Бугарија | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | универзитетски професор | |
Томислав Џеков (р. 18 септември 1943 во Гевгелија) — македонски универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Докторирал во 1976 година на Пенсилванскиот универзитет, Филаделфија во САД.
Од 1967 до 1969 година, тој работел во РТВ Скопје како инженер за видеотехника. Од 1969 година, тој работел на Електротехничкиот факултет (сега ФЕИТ) во Скопје. Во 1985 година, тој бил избран за редовен професор. На ЕТФ вршел повеќе функции како раководител на институт, продекан и декан.
Во 1990 година престојувал во Нигерија како стручњак на Меѓународната унија за телекомуникации.
Творештво
[уреди | уреди извор]- Микроелектроника, (учебник) Скопје 1986;[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џамија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1638. Text "series " ignored (help)
- ↑ Микроелектроника од Џеков[мртва врска]