Томе Арсовски (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томе Арсовски
Роден 1917 година
Скопје, Македонија
Починал 25 мај, 1944 година
Близина на Плачковица, Македонија

Томе Данев Арсовски ( 1917 во Скопје25 мај 1944 во близина на Плачковица) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од работничко сиромашно семејство. Го изучил шивачкиот занает во Скопје. Уште во раната младост, ја почувствувал капиталистичката експлоатација и се определил за револуционерната борба на работничката класа. Во 1939 година се вклучил во УРСовиот синдикат и станал еден од најактивните негови членови. Учествувал во многубројните тарифни и штрајкувачки акции што ги организирала синдикалната организација во периодот 1939-1941 година. Во време кога Македонија била окупирана од фашистичките окупатори, се приклучил во народно-ослободителното движење. Активно учествувал во собирање помош за НОВ, растурање летоци и друг пропаганден материјал против окупаторот. Неуморно работел на организирање младината и извршување разни други задачи кои му ги поставувала организација. Како член на КПЈ, во која бил примен во 1943 година, учествувал во организирано испраќање на нови борци во единиците на НОВ, а по одлука на партиската организација, во април 1944 година, и самиот и се приклучил на Третата македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе борби на Бригадата. Се истакнувал со својата храброст. За време на Мајската офанзива, на 25 мај 1944 година, храбро загинал во борба против бугарскиот фашистички окупатор.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 175. На |first= му недостасува |last= (help)