Тодор Чумковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тодор Спиров Чумковски е роден во село Ѓавато на 24 март 1924 година, во мошне бедна селска печалбарска фамилија. Се школувал до четврто одделение. Заминувајќи на печалба татко му им ја оставил цела грижа на Тодор, наречен Тодија и брат му Борис, односно тие ги паселе говедата и така привредувале за фамилијата. По капитулацијата на стара Југославија, Тодија од Дервен прибрал, како и многуте Ѓаваштани, оружје, муниција, шаторски крила и сл. и добар дел од тоа му предал на ѓаватската партиска ќелија. Така, на пример, покрај другото, го дал митролезот марка „Горки“ и уште еден пушкомитролез. Тодија во 1944 година на 11 септември ѝ се приклучил на НОВЈ и ѝ припаѓал на Втората македонска бригада. Со заминувањето на Сремскиот фронт Чумковски зелу чество во повеќе борби, а во една таква кај Врполје, на 17 април 1945 година загина како борец - митролезец.