Прејди на содржината

Тоа (филм од 2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Тоа“
Филмскиот плакат
РежисерЕнди Мускети
Главни улоги
МузикаБенџамин Волфиш
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера5 септември 2017 г. (Кинески театар на Грауман)
8 септември 2017 г. (САД)
Времетраење135 минути
Земја САД
Јазик
Буџет35 — 40 милиони долари
Бруто заработка701,8 милиони допари

Тоа (англиски: It) — американски натприроден филм на ужасите во режија на Енди Мускети, објавен во 2017 г. Филмот е заснован на првиот дел од истоимениот роман на американскиот писател Стивен Кинг, кој ја раскажува приказната за седум младинци што се тероризирани од Тоа, суштество што може да има различни облици и ја црпи својата моќ од стравови, омраза и разочарување.[1][2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Кога малите деца во гратчето Дери, Мејн, исчезнуваат, група од седум младинци дознаваат дека убиецот не е човек. Убиецот е злобниот кловн Тоа (наречен и Пенивајз), кој може да се преобрази во она од што најмногу се плашите. Децата, познати уште како Клубот на губитници, одлучуваат да се борат и да го убијат.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Бил Скарсгорд Тоа / Пенивајз
Џејден Мартел Вилијам „Бил” Денбро
Фин Вулфхард Ричард „Ричи” Тозиер
Џереми Реј Тејлор Бенџамин „Бен” Ханском
Софија Лилис Беверли Марш
Вајат Олеф Стенли „Стен” Јурис
Чоузен Џејкобс Мајкл „Мајк” Хенлон
Џек Дилан Грејзер Едвард „Еди” Каспбрак
Николас Хамилтон Хенри Бауерс
Џексон Роберт Скот Џорџ Денбро

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kit, Borys (May 21, 2014). „Stephen King's 'It' Moves From Warner Bros. to New Line (Exclusive)“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот July 30, 2016. Посетено на June 27, 2016.
  2. Galluzzo, Rob (March 28, 2017). „First Poster For Stephen King's IT Arrives; Along With Quickie Tease Of The Trailer!“. Blumhouse Productions. Архивирано од изворникот на April 1, 2017. Посетено на March 31, 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]