Тиристор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тиристор
SCR1369.jpg
Тиристор
Тип пасивен
Првпат произведен 1956
Распоред на контактите анода, гејт и катода
Ел. симбол
Thyristor circuit symbol.svg

Тиристортврдотелна полуспроводничка компонента со четири слоја, наизменично наредени p-тип и n-тип материјали. Функционира како бистабилен прекинувач, спроведува кога гејтот добие активирачка струја, и продолжува да спроведува сè додека напонот на колото е обратно поларизиран, или додека не се тргне (на некој друг начин). Триконтактните тиристори се дизајнирани да контролираат поголема струја од анодата до катодата, контролирајќи ја струјата со помала струја на третиот контакт, познат како „управувачка електрода“ или „гејт“. Спротивно, двоконтактниот тиристор е дизајниран да се вклучи ако потенцијалната разлика меѓу неговите контакти е доволно голема (пробоен напон).

Првите тиристори биле комерцијално воведени на пазарот во 1956 година. Бидејќи тиристорите можат да контролираат релативно високи вредности на снага и напон со мали компоненти, тие наоѓаат широка примена за контрола на електрична снага, во опсег од потенциометри за светло и контрола на брзина на електрични мотори до енергетски пренос со високонапонска еднонасочна струја. Тиристорите може да се користат во кола на прекинувачи на моќност, кола за замена на релеи, кола на инвертори, кола на осцилатори, кола на детектори на нивоа, кола на потенциометри на светло, евтини временски кола, логички кола, кола за контрола на брзината, кола за контрола на фазата итн. Во почетокот, тиристорите се базирале само на обратна струја за да се исклучат, што ја правело тешка нивната примена за еднонасочна струја. Поновите типови тиристори може да се вклучат или исклучат со контролен сигнал на управувачката електрода (гејтот). Тиристорот не е пропорционален уред како транзисторот. Со други зборови, тиристорот може само да биде вклучен или исклучен, додека транзисторот може да работи меѓу овие две состојби. Ова го прави тиристорот непогоден за аналоген засилувач, но корисен како прекинувач.

Структура[уреди | уреди извор]

Тиристорот е четирислојна, триконтактна полуспроводничка компонента, при што секој слој се состои од наизменични P-тип и N-тип полуспроводни материјали, на пример P-N-P-N. Главните контакти, анода и катода, се наоѓаат на краевите на четирите слоја. Контролниот контакт, наречен управувачка електрода или гејт, е поврзан на P-тип материјалот до катодата. Функционирањето на тиристорот може да се разбере како пар биполарен транзисторбиполарни транзистори во посебен спој.

Структура на физичко и електронско ниво и симбол на тиристор.

Тиристорите може да имаат три состојби:

  1. Обратно блокирачки начин – се доведува напон во насока која би бил блокиран од диода
  2. Нанапред блокирачки начин – се доведува напон во насока што би ја довело диодата да спроведува, но тиристорот не е активиран за спроведување
  3. Нанапред спроводен начин – тиристорот е активиран за спроведување и ќе остане да спроведува сè додека струјата во спроводна насока не падне под вредност на прагот позната како „струја на држење“.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Поранешна гасна цевка наречена тиратрон обезбедувала слична електронска прекинувачка можност, при што мал контролен напон можел да прекинува голема струја. Терминот тиристор е комбинација од „тираторон“ и „транзистор“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] Архивирано September 5, 2012, во Wayback Machine.