Тили Флајшер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Отили „Тили“ Флајшер (германски: Ottilie "Tilly" Fleischer, Франкфурт на Мајна, 29 јануари 1908 - Лар 14 јули 2005 ) — поранешна разновидна германска атлетичарка, ракометарка, тенисерка, олимписки победник во фрлање копје 1936 година во Берлин.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тили Флајшер била ќерка на месар. На возраст од десет години почнала да се занимава со спорт, како член на спортскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт. Таа играла тенис и била успешна на почетокот на кариерата. Како десетгодишна станала и шампион во Франкфурт. Таа го заменила тенисот со атлетика. Таа се натпреварувала и во фрлање диск, а била и најдобра во фрлање копје[1]. Во оваа дисциплина двапати освојувала медали на Олимписките игри, во 1932 година во Лос Анџелес и 1936 година во Берлин (бронза во 1932 година и злато во 1936 година). По завршувањето на Олимписките игри во 1936 година таа ја завршила атлетската кариера, но останала да тренира ракомет во РК Ајнтрахт Франкфурт со кој тим го освоила државното првенство во 1943 година. По Втората светска војна, таа била сопственик на две продавници за кожни производи, во Лара и Кел.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Таа имала две ќерки од својот прв брак. По победата на Олимписките игри во 1936 година, таа имала осуммесечна врска со Адолф Хитлер. Се сомневало дека нејзиното прво дете е од таа афера.[2] Сомнежите биле потврдени кога во 1966 година нејзината ќерка Гисела Хосен, врз основа на признанието на нејзината мајка, ја објавила книгата Мојот татко Адолф Хитлер[3]

Поважни резултати[уреди | уреди извор]

Летни олимписки игри
  • 1932
Фрлање копје - 43,01 м, бронзен медал
Фрлање диск - 26,12 м, четврто место
Штафета 4 х 100 м - 50,0 сек, шесто место
  • 1936
Фрлање копје - 45,18 метри, златен медал и олимписки рекорд (го постигнала во вториот обид (44,69))

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Zum 100. Geburtstag von Tilly Fleischer: "Königinmutter" und herzensguter Mensch“ (германски). Eintracht Frankfurt Museum. Архивирано од изворникот на 2012-10-04. Посетено на 27 June 2012.
  2. Simon Dunstan/Gerrard Williams: Grey Wolf: The Escape of Adolf Hitler
  3. J.M-M:: Gisela, das Hitlerkind | ZEIT ONLINE

Надворешни врски[уреди | уреди извор]