Тигар I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Panzerkampfwagen VI Tiger Ausf. E
Тигар I во северна Франција, март 1944
Типтежок тенк
ПотеклоГерманија
Употребна историја
Во служба1942–1945
ВојниВтора светска војна
Производна историја
КонструкторЕрвин Адерс
Henschel-Werke
Конструирано1938–1941
ПроизводителHenschel
Цена (по единица)250,700 ГМ[1][б 1]
Год. на производство1942–1944
Произведени1,347[б 2]
Тех. особености (RfRuK VK 4501H Ausf.E, Blatt: G-330)
Тежина54 tonnes (60 short tons)[3]
57 tonnes (63 short tons) (Ausf. E)[4][5]
Должина6.316 м (20 ст 8.7 ин)
8.45 м (27 ст 9 ин) gun forward
Ширина3.56 м (11 ст 8 ин)
Висина3.0 м (9 ст 10 ин)
Екипаж5

Оклоп25–120 mм (0.082–0.394 ст)[6][7]
Главно
наоружување
8.8 cm KwK 36 L/56
92 AP and HE rounds
Помошно
наоружување
7.92 mm MG 34
4,500 rounds
4,800 rounds (Ausf. E)[8]
ПогонМајбах
700 PS (690 hp, 515 kW)
Моќност/тежина13 PS (9.5 kW) / тон
АмортизацијаTorsion bar
Возна висина0,47 м
Горивоносивост540 литри
Работен
дострел
Патно: 195 км [4]
Cross country: 110 kм (68 ми)[4]
БрзинаМаксимално: 45, 4 км/ч[9]
Sustained, road: 40 км/ч[convert: unknown unit][4]
Cross country: 20–25 км/ч[convert: unknown unit][4]

Тигар I (германски: Panzerkampfwagen VI Tiger или Panzer VI) — германски тежок тенк од Втората светска војна, еден од најдобрите оклопни возила во воената историја[10]. Тенкот делувал во Африка и Европа. За време на развојот бил означен како Panzerkampfwagen VI Ausf H, но за време на производството бил променет во Panzerkampfwagen VI Ausf E.. Вкупно 1.347 тенкови биле произведени помеѓу август 1942 и август 1944 година.[11]. По август 1944 година, производството на Тигар I било укинато во корист на Тигар II.

Предлогот за формирање тешки тенкови во германската армија бил воведен уште во 1937 година, но првиот тенк T-VI, наречен Тигар, излезел од фабриката во јули 1942 година. Целта била да се создаде тенк со силен оклоп и моќен топ за да се надмине Советскиот КВ-1 и КВ-2. За оружје, било избрано 88-мм оружје KwK 36 L / 56, кое имало голема моќ и прецизност. Дури и во раните фази на војната, Германците го користеле како противтенковско оружје, способно да го уништи советскиот, англискиот или американскиот тенк од далеку. До 1942 година, таков голем топ не бил монтиран на германски тенк, а веќе постоечките Панцер-3 и Панцер-4 не биле во можност да се прилагодат на 88мм-оружје. Затоа морало да се развие сосема нов тенк. Првично, два прототипа биле подготвени од Hencel и Porsche, а главните разлики биле во суспензијата и шасијата.

Првото учество на Тигар било во Битката за Ленинград на 22 септември 1942 година, кога еден од тенковите бил заробен од советските трупи.

Помасовно во борба се користеле во операцијата „Зимска бура“ (за време на Битката кај Сталинград) во декември 1942 година и кај Курск во јули 1943 година, каде претставувањето на овие тенкови се покажало мнугу добро, иако Германците биле поразени во битката.

88-милиметарските топови на германската машина работеле на 1.000 метри со пробивање на браник од 100мм, нанесувајќи тешки штети на непријателските машини. На руските екипи им било наредено да се борат против Тигарот во сооднос од 1 до 5 за Русите, а американските и англиските тенкисти воопшто избегнувале да го сретнат. Познат е случај кога германскиот капетан Вакер уништил руски тенк Т-34/85 на растојание од 3.900 метри. На 7 јули 1943 година за време на Битката кај Курск Франц Штаудегер примил информации за движењето на група од 50 - 60 советски Т-34. Тој веднаш ги нападнал и уништил 17 од нив. Советските тенкови се повлекле за да се прегрупираат. Командантот на тенкот Тигар кој исто така е познат и успешен е капетанот Михаел Витман. Неговите најистакнати активности биле во близина на градот Вилур-Бокаж, на 13 јуни 1944 година, една недела по Денот Д (денот на слетувањето во Нормандија). Околу 8:00 часот наутро тој нападнал британска колона, дел од 22-рата Оклопна бригада од 7-та Вооружената дивизија (прочуените Пустински стаорци) и уништил 5 тенкови Кромвел, еден Шерман, три Стјуарт и уште многу лесни машини и противтенковски пушки. За овој свој успех тој добил лично од Хитлер на 25 јуни 1944 година Рицарски крст со дабови листови и ножеви, и е највисоко награден тенковски ac на Втората светска војна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zetterling 2000, стр. 61.
  2. Jentz & Doyle 1993, стр. 11–13.
  3. Jentz & Doyle 2000, стр. 177.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Jentz & Doyle 2000, стр. 179.
  5. Green, Michael; Brown, James D. (15 February 2008). „Tiger Tanks at War“ (англиски). Voyageur Press. стр. 20.
  6. Jentz & Doyle 1993, стр. 8, 16.
  7. Hart 2007, стр. 17.
  8. Jentz & Doyle 2000, стр. 182.
  9. Jentz & Doyle 2000, стр. 181.
  10. Bishop 2002, стр. 9.
  11. Trewhitt, Philip A. (1999). Armored Fighting Vehicles. Barnes & Noble. стр. 26. ISBN 0760712603.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.