Тедонг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тедонг
Taedong Bridge 01.jpg
Тедонг во Пјонгјанг
ЗемјаСеверна Кореја
Слив
Главен изворРангрим, Јужен Хамгјонг
УстиеКорејски Залив
Сливна повр.20.344 км2
Физички особености
Должина439 км[1]
Реката во рамките на Северна Кореја.

Тедонг (корејски: 대동강, тркр. Тедонг-ганг) — голема река во Северна Кореја. Извира во венецот Рангрим, во северниот дел на земјата, па тече на југозапад и се влева во Корејскиот Залив кај Нампо.[2] Минува низ главниот град Пјонгјанг, и тоа покрајКулата на идејата џуче и плоштадот плоштадот „Ким Ил-сунг“.

Реката е долга 439 км, петта по длабочина на Корејскиот Полуостров и втора по должина во Северна Кореја. Пјонгјанг лежи 110 км спротиводно од устието, Сунчон е 192, а Техунг е 414 км. Поради значајната длабочина, има голема сообраќајна улога и е пловна за големи бродови сè до 65 км во внатрешноста на полуостровот, иако стопанските пловила обично не одат подалеку од Сонгним.

Историја[уреди | уреди извор]

На бреговите на Тедонг е основано кралството Когурјо и истите изобилуваат со археолошки наоѓалишта од новото камено и бронзено време. Во минатото реката се нарекувала и Пе.[3]

Брани и мостови[уреди | уреди извор]

Во 1986 г. во устието на реката кај Нампо е изгадена Западноморската Брана со должина од 8 км и три преводници со 36 капии.[2] Браната служи за контролирање на водотекот и наводнување на новомелиорираното земјиште од заливот.[2] Недостатокот на ова решение е пореметувањето на самопрочистувањето на Тедонг, задржувајќи ги нечистотиите.[4] На реката има и други хидроенергетски објекти како електраната „Њонгвон“.[5]

Во Пјонгјанг на реката има шест моста, од кои позначајни се Окрју, Рунгра и Тедонг.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Encyclopædia Britannica Online : Taedong River". Encyclopædia Britannica. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Suh, Dae-Sook (1987) "North Korea in 1986: Strengthening the Soviet Connection" Asian Survey 27(1): стр. 62
  3. (1973) Transactions of the Korea branch of the Royal Asiatic Society vol. 48, page 59
  4. Tenenbaum, David J. (2005) "International Health: North Korean Catastrophe" Environmental Health Perspectives 113(1): p. A26, page A26
  5. (209) Korea Today No. 640
  6. "옥류교 [мост Окрју]", Доосанова енциклопедија, конс. 2010-07-02 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 38°51′54″N 125°31′32″E / 38.86500° СГШ; 125.52556° ИГД / 38.86500; 125.52556