Творест мајмун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Творест мајмун (англиски: Skunk ape) е човеколико криптозоолошко суштество кое наводно ја населува Флорида, Северна Каролина и Арканзас. Именуван е како Творест мајмун затоа што наводно наликува на мајмун, но многу смрди како твор.

Извештаи[уреди | уреди извор]

Извештаите кои зборувале за видувања на творестиот мајмун биле најчести во 1960-те и 1970-те. Во есента 1974 година имало многу извештаи за видувања на НЛО, и појавувања на големо смрдливо, влакнесто суштество[1][2].

Во 2000 година во полиција стигнале две фотографии кои биле испратени од анонимна жена, кои се наводно и единствените фотографии од творестиот мајмун. Со фотографиите стигнало и писмо во кое пишувало дека фотографиите биле направени во дворот на анонимната жена, која ги испратила фотографиите. Жената напишала дека оваа суштество три ноќи влегувало во нејзиниот двор. Таа била уверена дека оваа суштество е орангутан, но кога полицијата ги погледнала фотографиите увиделе дека тоа не бил орангутан. Некои полициски службеници тврделе дека фотографијата била лажна, но кога фотографиите биле подетално погледнати некои помислиле дека тоа всушност бил човек со маска[3][4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  2. The abominable swampman“, „BBC News“, 6. 3. 1998. (посет. 23. 12. 2006. г).
  3. Coleman, Loren. „Myaka Skunk Ape 'Letter'. The Cryptozoologist. International Cryptozoology Museum. конс. 22. 3. 2013.. 
  4. Newton, Michael. (2005). „Skunk Ape“. Encyclopedia of Cryptozoology: A Global Guide to Hidden Animals and Their Pursuers. Jefferson: McFarland & Company, Inc.

Literatura[уреди | уреди извор]