Твид (река)
| Твид Abhainn Thuaidh | |
| River Tweed | |
| Река | |
Твид кај Колдстрим | |
| Земја | Велика Британија |
|---|---|
| Part | Шкотска, Англија |
| Извор | Твидс Вел |
| - место | Твидсмјур, Шкотски Граници, Шкотска |
| Утока | Северно Море |
| - местоположба | Берик на Твид, Нортамберленд, Англија |
| Должина | 156 км |
Твид (шкотски гелски: Abhainn Thuaidh, англиски: River Tweed) — река која тече низ Граничниот регион во Шкотска и Англија, во должина од 156 км. Извира во Твидсмјур во Твидс Вел близу сливот на реката Клајд, и изворот на реката Анан. Поминува низ целиот Граничен регион. Во долниот тек близу местото Берик на Твид навлегува во Англија и продолжува уште 27 км. Реката Твид е позната по големиот фонд на лосос.
Реката поминува низ неколку позначајни места, и тоа: Пиблс, Галашилс, Мелроуз, Келсо, Колдстрим и Берик на Твид, кајшто се влева во Северното Море.
Долината на реката Твид е интересна од аспект на ледничката историја на Британија. Тлото на долината во која тече реката е драмлинско поле и претставува остаток од прастар ледотек кој поминувал низ областа.
Твид е единствената река во Англија кајшто не треба дозвола за рибарење со трска.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на места на Шкотските Граници
- Твидејл
- Твид - вид ткаенина
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Водни патишта на Британија: Река Твид (англиски)
- Страница на Комисијата за реката Твид Архивирано на 6 јануари 2020 г. (англиски)
- Фондација Твид Архивирано на 23 октомври 2019 г. (англиски)
- River Карта на реката Твид Архивирано на 8 март 2010 г. (англиски)
|