Прејди на содржината

Такси (филм од 2015)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Такси“ (персиски: تاکسی‎) — ирански филм од 2015 година, во режија на Џафар Панахи (Jafar Panahi), кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога. Покрај него, во филмот глумат и: Хана Сеиди и Насрин Сотудех . Филмот освоил повеќе награди на меѓународните филмски фестивали, како што се „Златната мечка“ и „FIPRESCI“ на Берлинскиот филмски фестивал, а бил номиниран и за француската награда „Цезар“ за најдобар странски филм. Бидејќи во 2010 година на режисерот му биле забранети патувањата во странство, во неговото име, наградите на Берлинскиот фестивал ги примила неговата роднина Хана Сеиди.

Џафар Панахи, Синес дел Сур 2007

Синопсис[уреди | уреди извор]

Режисерот вози такси низ улиците на Техеран. Во автомобилот најпрвин влегуваат млада жена и млад човек кои имаат спротивни погледи на смртната казна, потоа влегува неговиот познаник Омид, кој продава пиратски филмови, па жена која го носи повредениот маж на болница, инсистирајќи да биде снимена неговата последна желба, како и две средовечни жени кои сакаат да ослободат златна рипка во фонтаната. Во продолжение, во возилото влегува малата Хана, внуката на режисерот, која во училиштето добила задача да сними аматерски филм. Најпосле, тие ја среќаваат Насрин Сотудех, адвокатка која се бори за човековите права. На седиштето од автомобилот, Хана и возачот забележуваат паричник и одат да го вратат, а тогаш двајца млади луѓе го оштетуваат возилото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]