Старопрамен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Pivovary Staropramen
МестоположбаСмихов, Прага, Чешка
Отворено1869
СопственостMolson Coors Brewing Company
Мрежно местоstaropramen.cz

Старопрамен (чешки: Staropramen) — втора по големина пиварница во Чешка која се наоѓа во областа Смихов во Прага. Компанијата била основана во 1869 година, додека брендот Старопрамен, кој буквално значи „стара пролет“, бил регистриран во 1911 година. Денеска, компанијата е во сопственост на Molson Coors и неговите производи се извезуваат во 37 различни земји, претежно во Европа и Северна Америка.

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на Старопраменската пиварница започнала во 1869 година, додека првото пиво било произведено во 1871 година. Пиварницата била отворена во 1898 година. Поради конкуренцијата од другите пиварници во Прага, во 1911 година била регистрирана марката Staropramen. По Првата светска војна пиварницата забележала период на одржлив раст, а до 1930-тите Старопрамен била најголемата пиварница во Чехословачка.[1]. Со доаѓањето на социјализмот по Втората светска војна, сите чехословачки пиварници биле национализирани, вклучително и Старопрамен. По падот на социјализмот во 1989 година, пиварницата, заедно со пиварницата Браник и Мештан, во 1992 година станале дел од Групата Прашка пиварница, која до 1996 година била под контрола на Bass company[2], која во 2000 година ги продала своите пиварници на Interbrew, која пак се споила со AmBev во 2004 година формирајќи ја InBev[3]. Старопрамен забележал постојан раст и во моментов е втор најголем производител на пиво во Чешка со учество од 15,3% на домашниот пазар.

Во средината на октомври 2009 година, CVC Capital Partners ги купила сите холдинзии на Anheuser-Busch InBev во Средна Европа (вклучувајќи го и Старопрамен) за 2,23 милијарди евра[4], преименуѕвајќи ги под името StarBev. Во април 2012 година, Molson Coors го купила на StarBev[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pivovary Staropramen: Staropramen“. www.pivovary-staropramen.cz. Архивирано од изворникот на 2008-10-18. Посетено на 2008-05-14.
  2. „Breweries of the Czech Republic: beer styles and their history“. www.xs4all.nl. Посетено на 2008-05-14.
  3. „Pivovary Staropramen: The present“. www.pivovary-staropramen.cz. Архивирано од изворникот на 2008-08-28. Посетено на 2008-05-14.
  4. Apatinska pivara prodata CVC-u, B92, October 15, 2009
  5. Molson Coors to buy Staropramen maker StarBev for $3.5bn