Стара Раума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара Раума
светско наследство на УНЕСКО
Rauma 3.jpg
Улица во Стара Раума
МестоРаума, Финска
КритериумCultural: iv, v
Навод582
Запис1991 (XV заседание)
Површина29 ha
Преоден појас142 ha
Координати61°07′42″N 21°30′42″E / 61.12833° СГШ; 21.51167° ИГД / 61.12833; 21.51167

Стара Раума (фински: Vanha Rauma, шведски: Gamla Raumo) ― дрвениот градски центар на паланката (гратчето) Раума, Финска. Таа е наведена како светско наследство на УНЕСКО.

Областа на Стара Раума е околу 0,3 км2, со приближно шестотини градби (сметајќи ги вистинските куќи и помалите градби како бараки) и околу 800 луѓе кои живеат во таа област. Градот Раума се проширил надвор од Старата Раума, само во почетокот на 19 век. Најстарите градби датираат од 18 век, бидејќи два пожари од 1640 и 1682 година го уништиле градот. Повеќето згради во моментов се населени и во сопственост на приватни лица, иако долж двете главни улици и околу градскиот плоштад тие се главно надвор во деловна употреба.

Местата од посебен интерес ја вклучуваат куќата Кирсти, која е куќа на морнар од 18 и 19 век, и куќата Марела, која е куќа на гемиџии која датира од 18 век, но со фасада од 19 век, и двете во моментов се музеи. Други знаменитости се ретките камени градби во Стара Раума: Црквата на Светиот крст, стара францисканска манастирска црква од 15 век со средновековни слики и Старата градска сала од 1776 година. Друга црква во Раума, црквата Св. Троица, исто така од 15 век, изгорела во пожарот во 1640 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]