Прејди на содржината

Спортска сала Гемиџии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спортска сала Гемиџии
Држава
Место Велес, Македонија
Изграден 1981
Отворен 1982[1]
Сопственик Општина Велес
Оператор ЈП Парк – спорт Велес
Гледачи 3,500
Игра КК Борец Баскет
КМФ Велес
РК Борец

Спортската сала Гемиџии позната и како Сала Парк или Сала 25ти Мај — повеќефункционална спортска сала во Велес и се користи за кошаркарски, ракометни и футсал натпревари. Овој спортски објект во моментот е со сместивост од околу 3,000 гледачи.

Историја

[уреди | уреди извор]

Официјално салата била пуштена во употреба на 12 јуни 1982 година под името „25 мај“. При отворањето имало околу 4.000 луѓе публика, како за самото отворање, така и за првиот натпревар во салата помеѓу ОК Борец и ОК Работнички. На отворањето имало всушност организиран турнир, каде покрај ОК Борец и ОК Работници, учествувале ОК Вардар и ПК Авиа од Полска.